Прочитајте каква ДЕБИЛНА изјава дава лидерот на ДПНЕ Мицкоски!

Прочитајте каква ДЕБИЛНА изјава дава лидерот на ДПНЕ Мицкоски, и како не знае да си го скрие срамот. Вели: „За да решат нешто лидерите треба да разговараат во 4 очи, тимските партиски средби се само ПР егзибиција на која не се носат одлуки.“

Што уште треба да ни кажат овие аздисани лидери за да ни докажат дека нашата држава е заробена од нив со помош на затворените изборни листи, и дека за нешто крупно и сериозно да се одлучи во државата – мора тие лично да се договорат за тоа.

Нема тие што да се консултираат со партиските раководства, со правните и други експерти, со пратеници, најважно е тие да ги договорат главните насоки и личните интереси – а спроведувањето понатаму е работа на експертите.

Нивната главна работа, всушност, е да најдат начин и да кажат што и како да се направи – за да се исполнат нивните барања и желби!

Што има врска што оваа држава се нарекува демократска, што има влада и институции кои треба да ја водат државата, и што има парламент кој се грижи за донесувањето на законите, за нивното спроведување и за законското работење на владата.

Ако Мицко и Таче се договорат да биде изгласана промената на уставот, да се внесат бугарите, да се прекинат некои истраги и да се донесат некои поволни судски пресуди за луѓе од ДПНЕ и СДСМ – тука веќе никој не смее да поставува прашања или да бара процедури и законитост, наредбата на лидерите сите мора да ја спроведуваат беспоговорно!

Средството за отрезнување и спуштање на земја на овие занесени и аздисани уценети луѓе се вика – Отворени изборни листи!

Со Отворените листи, за најголемите и најважните прашања решенија предлагаат партиските експертски тимови, а одлучуваат нашите граѓански пратеници во Собранието, каде што е и местото за донесување на одлуки во вистинските демократии!

Затоа, ако сакаме ослободување и нормализирање на нашата заробена држава, треба сите масовно да ја поддржиме иницијативата на Демократи и претседателот Јорго Огненовски за ИТНА измена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворените листи!

Само со Отворените листи лидерите на партиите ќе бидат обични партиски администратори, а најважните одлуки за државата ќе ги донесуваме ние граѓаните, преку нашите граѓански пратеници!

Претходно Проследете го говорот на господинот Ѓорѓи Вељановски!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ