СПОРТСКИ РЕЦЕПТ ЗА КВАЛИТЕТ!

За најпластично објаснување на вредноста на отворените изборни листи, за да може секој да ги разбере, ние во Демократи правиме нивна аналогија со спортот.

Замислете во една спортска екипа претседателот на клубот за тренер да постави свој личен пријател или партиски човек, со кој може во дискреција да се договараат за распределбата на парите од влезниците, од спонзорите или од државата – како што тие си сакаат, и да си ги перат парите – без да му даваат отчет на никого. За играчи во тимот да си земаат свои блиски или партиски деца, без оглед како играат, и кои што ќе ги фалат преку партиските медиуми.

Што мислите, каков квалитет ќе има таа спортска екипа, каде ќе биде на меѓународната спортска сцена?

Никаде, најдолу! И другите спортисти, во споредба со нашите – ќе изгледаат како супермени!

Е ваква е ситуацијата со спортот во држава со затворени изборни листи, каде што партиското перење пари и партиската послушност и полтронство се спуштени до најниското – спортското ниво во државата.

Да не случајно ова ви изгледа нешто познато? Нели спортот е огледало на ситуацијата во државата?

А каква е организацијата во спортот со отворените изборни листи? Раководството на клубот наоѓа финансиер кој сака да го има најдобриот тренер, го плаќа со добри пари – но поставува услов за одредено време тој да постигне одреден успех на клубот, и исплатата на парите ја врзува со тој успех.

Тренерот затоа ги бара најдобрите играчи за тие пари, формира тим, и напорно и стручно работи за постигнување на бараниот квалитет и успех.

Ама тренерот не дозволува раководството на клубот или партијата на власт да му се мешаат во работата и во составувањето на тимот. Во спортскиот тим кај играчите има здрава меѓусебна конкуренција, и само најдобрите играчи одат во првиот тим.

Редовниот и стручен тренинг создава таков квалитет што се освојуваат и светски титули, а во секој случај тимот ќе биде во светскиот врв.

Ако пак не успее да ја оствари целта – тренерот не ги добива парите за награда, а ако се бара и го напушта клубот. Тука не поминува криминалот, корупцијата и партизацијата, а контролата на извршувањето е максимална.

Значи, за да се постигне највисок квалитет во предвиден рок – треба да се ангажираат најквалитетните луѓе, со систем на здрава конкуренција. Тоа е можно само со изборниот систем со отворени листи, кој форсира здрава внатрепартиска конкуренција!

Отворените листи се вистинскиот рецепт за квалитет и успех, како во спортот така и секаде во животот. Затоа, ако сакаме квалитетна, организирана и функционална правна држава – треба да ни се придружите на нас ДЕМОКРАТИ во борбата за ИТНО воведување на отворените изборни листи во Македонија!

Претходно Браво тениски царе!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ