ДЕМОКРАТИ АЛАРМИРА ЗА СОСТОЈБАТА НА ЛУЃЕТО СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА
Пациентите со Цистична фиброза секојдневно го губат здивот бесрамно соочени со корумпираниот и до срж криминализиран здравствено-владин систем кој е дезорганизиран и како таков наликува на здравство од минатиот век.
И покрај опасноста што себеси се доведуваат во животозагрозувачка состојба, луѓето со цистична фиброза, повторно денеска застанаа пред портите на она што треба да претставува Храм на демократијата (но ни оддалеку не е тоа, туку е зграда за политички блуд, непринципиелни коалиции за задоволување на тендер-апетитите), за да ја потсетат Владата и Министерството за здравство да обезбедат час поскоро од лекот Трикафта за сите 120 болни на кои им одговара овој лек, а не до крајот на годинава да се обезбеди уште само за 30, а останатите 90 треба да се молат на Бог да не им се влоши и онака ризичната состојба во која борбата за секој здив е како одење по ивица на смртта, буквално секоја секунда.
Срамно и жално е за земјава да не им излезе во пресрет на сите на кои им одговара овој лек, а се 120 .
Одговорни сме сите да го дигнеме гласот да им се помогне на овие луѓе и наместо тие, онака болни, да висат пред институции, премиерот и министрите треба да отидат кај сите нив поединечно и да ги успокојат со то што ќе им кажат дека лекот за сите на кои им е потребен го набавила државата.
Но, оваа ненародна, бесрамна и безгревна влада тешко дека ќе го обезбеди тоа…
Затоа колективна оставка ДЕМОКРАТИ ќе бараат секојдневно од вас, не заслужувате да ја водите државата, не знаете, криминализирани сте, штетници сте.
Ќе ги носите на душа бездушници. Ако не ве бива, како што не ве бива што побрзо напуштете ја власта или ќе ја напуштите кога ќе ви се случи народ и тоа многу скоро.