БОЛКА!

Секој обично зборува за она што го боли, или за она што го привлекува. Народот вели: Кој за што, нечесниот за нечесноста, а крадецот за парите.

Слушнете ги само што зборуваат од ДПНЕ, СДС и ДУИ, само за пари, тендери, провизии, криминали, корупции и т.н. Од нив не може да се слушне ништо за систем, системски проблеми, стандарди, за барање на причините за проблемите во државата и за нудење на системски решенија.

Единствено за што зборуваат тие се: партиски интереси, избори, тендери, провизии, плати и власт.

Јасно е дека нив не ги интересираат граѓаните и државата, нив ги интересираат само и единствено – парите, и заради тоа и се во политиката. Ако нема пари од политиката – тие веднаш би ја напуштиле, баш им е гајле за граѓаните и за државата.

Од ДПНЕ зборуваат само за предвремени избори – како што поскоро да дојдат до буџетот и до нашите граѓански пари.

Од СДС зборуваат само за почетокот на отварањето на поглавјата од преговорите со ЕУ, што за нив значи пристап до европските пари, и колку подолги преговори – толку подолго да ги користат европските пристапни фондови, ама без строга контрола.

Од ДУИ ги интересираат само проектите коридор 8 и 10, рудниците Иловица и Штука, зелена енергија од фотоволтаици, купување згради и сл, заради големите бизниси, провизии и пари.

Ние од ДЕМОКРАТИ не сме оптоварени со парите – туку со проблемите на граѓаните и на државата, и се бориме за нивно добро и напредок. Колку ќе биде подобро за граѓаните и за државата – толку ќе биде подобро и за нас ДЕМОКРАТИ! Нас не ни е цел личниот – туку заедничкиот граѓански и државен интерес!

Затоа ние од ДЕМОКРАТИ не зборуваме постојано само за кражбите, измамите, криминалите и корупцијата на власта, туку ја откриваме и системската причина за сите проблеми – криминалниот изборен законик со затворени листи, и нудиме системско и трајно решение за најголемите проблеми во Македонија – ИТНА промена на криминалниот изборен закон и воведување на отворените листи!

На ДЕМОКРАТИ и на граѓаните ни е ДОСТА од манипулациите на ДПНЕ, СДС и ДУИ со постојаното укажување на криминалите и грешките на другите, и доста ни е од упатувањето на лажното решение, кое им одговара само на овие криминални здруженија – од упатувањето на предвремени парламентарни избори.

Прочитани се! Нема да има регуларни избори во Македонија – се додека не се измени криминалниот изборен закон и не се воведат отворените листи. А ако СДС, ДПНЕ и ДУИ одлучат за предвремени избори, со помош на моќта на мнозинството во парламентот – ќе ги казниме на изборите со масовно гласање За ДЕМОКРАТИ, и За воведување на чесниот и квалитетен изборен систем со отворени листи!

Нас ДЕМОКРАТИ не не боли за парите, и затоа нас ДЕМОКРАТИ властите не можат ниту да не уценат, ниту да не исплашат или купат. Нас не боли криминалниот изборен систем со затворени листи, со помош на кој криминалните политичари со децении ја пљачкаат нашата држава, и затоа нудиме универзално системско решение за сите проблеми од затворените листи – промена на криминалниот изборен систем и воведување на отворените листи!

Само со отворените листи во Македонија ќе се зборува за проекти, за високи стандарди и за спроведување на правната држава еднакво за сите, а не за тоа кој повеќе украл, излажал или партизирал.

Ние ДЕМОКРАТИ силно веруваме дека работната група на Министерството за правда, на чело со господинот Александар Новаковски, ќе ги слушне силните барања од граѓаните на Македонија, и дека уште веднаш ќе ги воведе отворените листи во новиот изборен законик!

Само со ДЕМОКРАТИ и со отворените листи Македонија ќе тргне напред, кон развој и просперитет!

Претходно ПОЧНЕТЕ СО АПСЕЊЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ