Со емоции на сочуство до сите ранливи групи на пациенти со хронични заболувања, водени од поривот да помогниме и го дадеме нашиот допринос како ДЕМОКРАТИ.
Ние сме со вас во сите битки пред институциите на системот.
Сочуствуваме со вас и молиме за лек.
Пуштаме апел за поддршка и помош на сите засегнати болни.
Зборуваме гласно и јасно, велиме СТОП за криминалниот здравствен систем, а зборовите одекнуваат до небеса.
Лелекот и пискотот на хронично болните и измачените на 30-07-2023, недела, во 19 часот, пред Собрание ќе ечи, молбите човечки животи да не одат на небеса ги праќаме низ летот на птиците, посакуваме леснина, квалитетен живот без тормозења и стравови од немање лек.
Квалитетен и сигурен живот за сите мислат и сакаат ДЕМОКРАТИ.