Македонија е окупирана држава од политички мафијаши!

НИ СРАМ НИ ПЕРДЕ !

Какви луѓе, какви бездушни мафијаши ни ја воделе, и сега ни ја водат државата – тоа е страшна работа ! Не крадат, не лажат и не мобингуваат со децении – и око не им трепнува !

Кога се во опозиција, знаејќи што правеле тие додека биле на власт, ја обвинуваат власта дека краде и пере државни пари, мести тендери, дека државата тоне во криминал и корупција. И што одговара на тоа власта – вие ли ќе ни зборувате, вие повеќе крадевте !

Меѓународната заедница од сите страни, и од САД и од ЕУ, ни зборува дека во Македонија има премногу криминал и корупција, дека државата е партизирана и заробена, а на тоа и власта и опозицијата во еден глас велат: Да, точно е, странците се апсолутно во право, ама тоа не почна од нас ! Каква шизофрена ситуација, властите да се согласуваат со констатациите на меѓународната заедница за максимално криминализирање, корумпирање и партизирање на државата – и никому ништо ! Па нели тоа е противзаконско, нели полицијата, обвинителството и судовите треба веднаш да стапат во акција и да ги апсат и судат сите оние што прават криминали, корупции и незаконски превработувања на администрацијата? Што уште треба за да се констатира заробување на државата, и нејзина максимална контрола преку партизираните полиција, обвинителство и судство? Или си мислат: Ете си признавме, и сега што? Кој што ни може, какви оставки какви бакрачи ! Кој ги ферма граѓаните што мислат и бараат, ние си ја освоивме власта – и баш ни е гајле кој што ќе каже !

Има ли поголем доказ од ова дека мафијата ја има заробено нашата држава, и дека никој не смее да мрдне против неа – зошто ќе му летне главата или функцијата? Ова е класичен пасивен отпор кон правната држава и кон меѓународната заедница, и класично тивко служење на мафијата – која тоа однапред многу добро го платила, па сега, срам не срам – мора тоа и да се одработи !

Со децении ова е вака, и ќе продолжеше да си биде така и натаму – да не се појавеа Демократи со своите слободоумни, правдољубиви и горди луѓе, кои се подготвени бестрашно и до крај да се борат за Македонија и своите сограѓани ! Декорати на Јорго Огненовски се очигледно решени да ја нормализираат и средат државата со помош на здравиот систем со Отворени изборни листи, и за тоа ќе се борат до крај !

Затоа почитувани сограѓани, ако ни е преку глава од оваа шизофрена ситуација и од овие криминални психопати на власт – да им дадеме максимална поддршка на Демократи во нивните активности и Протести, а на следните избори сите да гласаме за Демократи – за да се ослободиме од овие злосторнички здруженија кои со години не крадат и малтретираат, и да си ја спасиме државата со помош на Отворените листи !

Ако и ти си за поддршка на Демократи и за спас на државата – лајкни и сподели !

Претходно Продолжува непотизмот во судството!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ