Организираме ОПШТОНАРОДЕН ПРОТЕСТ поради катастрофалната ситуација во здравствениот систем на релација Министерство за здравство – Фонд за здравство, недела, 30-07-2023, во 19 часот, пред Собрание на Македонија.
Партијата ДЕМОКРАТИ поведена од актуелните состојби во јавното здравство ги повикува на протест сите граѓани и граѓански здруженија кои се засегнати со секојдневни борби и молби, лелеци за лек и спас на човечки животи. Протестот е организиран од хуманитарни побуди.
Следејќи ги состојбите во здравствениот систем и страдањата на категории на пациенти, ЦК на ДЕМОКРАТИ одлучи за јавен повик на пациентите и претставниците на Граѓански здруженија од областа на хематологија, онкологија, радиологија, реуматологија, алергологија, пулмологија, ортопедија, дигестивни болести, интерни болести, ретки болести, дијабетичари, неурологија, аутизам и хендикеп од сите категории, лица со посебни потреби, инвалидитети стекнати од неправилни третмани немање и недостиг на лекови.
Дојдете да дадете ваш личен доприност со вашето присуство и јавно и отворено да зборуваме за секојдневните проблеми што ве измачуваат и ви го прават животот ризичен и комплициран.
Доста е веќе, направете издишка, преморени од вашето секојдневие, паднати во апатија, гледајте здрак светлина и надеж бидејќи постоиме ние ДЕМОКРАТИ, мислиме на вас, сочуствуваме со вашите болки и страдања и сакаме да го дадеме нашиот допринос во вашата борба со дијагнозата со која секојдневно живеете.
ДЕМОКРАТИ се со вас и постојат точно поради вас. Се залагаме за еднаков третман за сите категории на болни да добијат од својата матична држава, бидејќи тоа е право загарантирано со устав и закон.
Исто така се залагаме доколку нашата држава нема соодветни третмани и дијагностики, пациентите да се испраќаат на лекување во странство со цел да не се губат човечки животи.
Нема ништо повредно на овој свет од вашите човечки животи!!!
Подеднаков третмант за сите!!!