Огромното мнозинство треба да разбере дека во оваа наша убава и единствена Македонија живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и други македонски граѓани и дека вака ја изразуваме нашата национална гордост и богатство на заедничкиот соживот.
Сите сме со исти проблеми, од оние кои ја дотераа Македонија и народот во состојба во која се наоѓаме, а кои ги гледаат само нивните лични интереси, и немаат почит, душа, милост, и го крадат сопствениот народ.
Кои спијат многу години во своите фотељи и шират алармантни вести преку нивните окупирани медиуми, оттргнувајќи се од реалноста и на тој начин вршат репресија на народот.
Дојдено е времето за промени, секој граѓанин е дел од овој пекол, така што секој од нас треба да биде еден од двигателите на Македонија и сите заедно да создадеме поубава и подобра иднина за сите нас, нашите деца, и идните генерации.
Сите партии го изгубија својот политички и човечки морал.
Партијата Демократи е формирана за спас на сите народи и народности во Македонија, заснована на економски, образовни, социјални и други промени.
Навистина, вистинското решение е НАШАТА ПАРТИЈА “ДЕМОКРАТИ”. Вие треба да бидете промената што сакате да ја видите.
Придружете ни се во ДЕМОКРАТИ и заедно да ја спасиме Македонија, нашиот измачен и понижен народ и да ги промениме работите од корен на подобро, не поединечно, бидејќи тоа веднаш покажува дека се работи за лична корист..
Ги очекуваме вашите реакции на линкот: Демократи и
Demokrati.mk