Ние од ДЕМОКРАТИ имаме многу лесно и ефикасно решение за зголемување на пензиите на пензионерите, кое се вика – Отворени изборни листи! Со Отворените листи пензиите на пензионерите веднаш видно ќе се зголемат, а еве и зошто:
1. Отворените листи ги сузбиваат криминалот и корупцијата, големи наши граѓански пари остануваат во буџетот, и може да се насочат за зголемување на пензиите.
2. Со Отворените листи веќе нема изборни измами, нема купување на гласови, и тие пари може да одат кај пензионерите.
3. Со Отворените листи веќе нема потреба од партиските ботови, и нивните пари може да одат кај пензионерите.
4. Со Отворените листи веќе нема потреба од поткуп на медиумите, и тие големи пари може да одат кај пензионерите.
5. Со Отворените листи платите на функционерите видно ќе се намалат, и тие пари може да одат кај пензионерите.
6. Со Отворените листи се уништува партизацијата, бројот на вработените во државната администрација, се намалува најмалку за 30%, и тие огромни пари може да одат кај пензионерите. Излезените од администрацијата може да одат во производството, каде што се бараат работници, и да придонесуваат за државата.
Како што гледате, со воведувањето на Отворените листи не само што се зголемуваат пензиите, туку со нив може и пристојно да се живее.
Очекуваме Ваша поддршка за ДЕМОКРАТИ и за нашите граѓански проекти, како што е најважниот проект – ИТНОТО воведување на Отворените изборни листи во Македонија!
Се гледаме во недела, 20-08 во 19 ч. пред Собрание, на нашиот Протест за поддршка на нашите пензионери!