Без трошка грижа на совест или емпатија кон сиромаштијата во државава, просто мачнина го фаќа човек кога ќе го види Ковачевски, перјаницата на криминализираната влада и СДС, со толку леснотија каде што објаснува дека 350 илјади евра ќе потрошат за кампања за ЕУ.
Од одма ДЕМОКРАТИ да му кажат на премиерот, но и на криминализираната ДУИ дека до ЕУ се стигнува со работа и реформи, а не со скапи кампањи од кои ќе ќарат одредени ПР агенции кои се под капата на СДС и ДУИ за да се купи нивната наклонетост на претстојните избори, да ги претставуваат дека се обланда во розев повез, а не партии кои ,,управуваат” односно крадат од државата која ја претворија во црна дупка, во сиромаштија, во безнадежност и бесперспективност…
Не ги потценувајте граѓаните. Сите знаат и без вашите скапи кампањи од по неколку стотици илјади евра, што претставува ЕУ. И тоа многу подобро од вас клептомани, под чие владеење, Македонија е на врвот по злоупотреби на парите од европските фондови. И сега дополнително ќе трошите пари на сиромашниот македонски човек, за да му кажете што претставувала ЕУ, вие? кои во ЕУ гледате буре со пари, а не обврски што треба да ги сработите и реформи што треба да ги спроведете и да се борите со криминалот и корупцијата.
Туку тогаш сами ќе треба да се испоапсите, но и тоа се покажа лажно бидејќи измените на кривичниот законик покажаа дека политички сте си се договориле СДС, ДУИ и ДПНЕ и си се ослободувате меѓусебно исто како што си крадете на локално и државно ниво 32 години, а ДУИ во континуитет 21 година.
Веќе не бирате начини како да му ја доодерете кожата на сиромашниот македонски граѓанин и да му го доистресете и онака празниот џеб.
Сега и за кампања за ЕУ. А само пред неколку денови го предложивте буџетот за 2024 во кој ќе има над 7 милиони евра што ќе ги поделат партиите за изборните кампањи, откако смислија тоа да го плаќа народот за да не ги плаќале како божем сомнителни донатори, кои и натаму го прават тоа.
Затоа ќе видите фирми кои само тие ги земаат милионските тендери за било што и да знаете тие се тие кои им плаќаат рекет на овие криминализирани партии, за да имаат средства да купуваат и плаќаат пратеници за да им гласаат штетни одлуки кои не им поминуваат кај граѓаните.
И така се се врти во круг, почитуван наш и напатен народе. Од овие над 7 милиони евра по над еден милион евра, земаат повторно овие криминализирани партии, а трошките ги оставаат за останатите нешто над педесетина партии меѓу кои се и ДЕМОКРАТИ.
Затоа почитувани треба да знаете дека со ваши пари дозволувате овие злосторнички орди да ве манипулираат и лажат за да останат на фотељите или повторно да се доберат до нив. Затоа треба да им дадете црвен картон на следните избори и да ги истресеме на буништето на мрачната и тажна македонска историја.
Има нов избор. ДЕМОКРАТИ се појавија како изблик за спас од политичката и криминална тиранија на овие три партии и се спротивставува и ги разобличува нивните ,,болни” за сите нас потези дали од политичка, економска, социјална или етничка природа.
Придружете ни се во ,,Фронт за Спас на Македонија”. Убаво е чувството кога знаете дека не сте сами и некој Ви подава рака.
Ве очекуваме да тргнеме кон иднината заедно! За Македонија!


