Секој граѓанин во Македонија, млад или возрасен, независно, е задолжен со над 7 илјади евра. Но со најновите барања од криминалната власт, за нови задолжувања, ова должење ќе се зголеми уште повеќе.
Покрај енормно голем буџет кој го предложи владата од 5,5 милијарди евра за 2024 година, до крајот на годинава, криминалците од СДС и ДУИ планираат ново задолжување од фантастични над 700 милиони евра.
Предлог законите за ова задолжување се испратени до Собранието и како што обично бива, ќе се носат по скратена постапка за јавноста да нема увид за што се тие пари. И ако се погледне во образложението од која странска финансиска институција ќе се земаат пари и за што е нивната намена, за 90 милиони евра нема образложение зошто се планирани?!
Не е тешко да се претпостави за што ќе бидат овие тешки милиони, тие се за купување гласови, а сигурно нема да се за пензионерите, за болните, за сиромашните, туку да купуваат гласачи зашто математиките ич не им се поволни.
Јавниот долг на Македонија е 55,8 % од БДП или околу 8 милијарди евра. И сега се пристапува кон ново задолжување со кое нивото на задолженост повторно ќе се искачи над 60% од БДП.
Од ова задолжување граѓаните нема да имаат никаква корист, никаков бенефит, а се поголем е бројот на оние кои на улици со протести ги бараат своите права и пред се правото за достоинствен живот со пристојни плати и пензии.
Во историјата на Македонија за прв пат протестираат од Канцеларијата на народниот правобранител, а денеска во Скопје незадоволството го испорачаа вработените во Фондот за здравство, како и вработените во судската и јавнообвинителската служба.
Ќе има уште, ќе потечат реки од народ бидејќи само граѓанска револуција и излевање на отпорот на улиците може да ги симне криминалните политички банди од власт и да не им дозволи повеќе да се доберат до било која институција со тоа што на избори веќе нема да гласаат ниту за СДС нити за ДУИ, а богами и за ДПНЕ кои ја имаат доминантната власт на локално ниво.
И додека граѓаните ,,стенкаат” од немаштија и распаднат систем премиерот вчера изјави дека не знаел кога ќе се намалат функционерските плати, а во буџетот за наредната година предвидени се пари и за покачените за 78% плати на над илјада функционери.
Покрај што не знае па и лаже. Тие ќе јадат бифтеци, а народот нека ги глода коските. Рекоа дека до денеска ќе го соопштат пакетот за најранливите категории граѓани, сега па во вторник ќе го кажеле. Очигледно не знаат кај тераат нити што зборуваат, а уште помалку што прават.
Бродот Македонија, за среќа и натаму плива, односно лута на зовриено геополитичко море, зашто е без кормилар и дуван од една до друга крајност дури сосема не потоне, и затоа треба граѓаните да го дадат правецот и цврсто да го држат правецот во кој место за СДС, ДУИ и ДПНЕ нема да има.
Почитувани имате опција.ДЕМОКРАТИ се политичката платформа која ве поканува да и се приклучите во ,,Фронт за спас на Македонија”. Дојдете да ги збиеме редовите и да им зададеме силен удар на силеџиите кои 32 години ја опустошија нашата Македонија..
Ве очекуваме!


