Обидот на двајцата од тетовска Мала Речица, што е синоним за партиското седиште на ДУИ, да го симнат знамето на МПЦ ОА и да го закачат знамето на Албанија пред манастирскиот комплекс ,,Св.Наум чудотворец” на Попова Шапка, а со кое сосема погрешно но им поминува, се идентификуваат македонските албанци, помина неславно за нив.
Со каква цел и да биле, прво паѓа во очи дека сакаат да предизвикаат меѓуетничка тензија и омраза нешто што се залекува особено последните 22 години по конфликтот во 2001. Некој повторно прави обид етничката шареноликост на општеството да ја употреби во негативен контекст што испраќа лоша порака и непотребно поттикнува чувства и заклучоци дека соживотот не е можен.
ДЕМОКРАТИ се спротивставуваат на овие тенденции и најостро ги осудуваат оти познато е дека од искра може да стане пожар. Особено сега во предизборниот амбиент.
Потпалувачите и пироманите да си бараат простор за вакви дејанија надвор од границите на Македонија. Место за такви не треба да има овде.
На народот им е преку глава од ,,разлетаните орли” на партиите со Албански предзнак. Смирете ги страстите, кај оваа држава ви дозволи да користите знаме на туѓа држава како едно ваше национално обележје со кое се идентификувате, претерувате со неговата употреба каде што му е и не му е местото како божем исцртувате, обележувате територии, а знаеме за кого е својствено тоа.
Повторно сакате да заиграте на картата на етнички поделби, без да водите сметка како тоа се восприема од некого. Со ваквите дејства кои не ги превенирате и дозволувате да се случат практично како отворено да повикувате, отидете убијте уште пет млади луѓе како оние на Смилковско езеро.
Затоа многу внимателно треба да се пристапува кон овие појави, треба да се сосекуваат во корен. Не може соживотот на овие простори да биде жртвуван и да страда од неколку политички партии чии разулавени по власт водачи, посегнуваат по вакви случувања само и само да владее тензичност во општеството додека тие ги бројат парите и пикираат скапо платени места за некој свој или заслужен лепач на партиски плакати во македонската администрација.
Затоа ДЕМОКРАТИ повикуваат лидерите на албанските партии сите до еден да го осудат инцидентот на Попова Шапка, а не да молчат како што молчат. Со оваа неосуда тие како да повикуваат, повторно да се стави албанското знаме пред верскиот храм. Затоа политичарите и тоа како се одговорни за одредени однесувања на теренот од страна на поединци. Тенка е линијата до хаосот.
ДЕМОКРАТИ повикуваат на трезвеност. Не си играјте со оган, една искра е доволна сите нас да не втурне во конфликт со несогледливи последици или да настрадаат невини луѓе! Изборите и останувањето на власт или доаѓањето, не треба да е трка на живот или на смрт!


