Во просек по 7.000 денари за граѓаните опфатени со државната помош, а за функционерите милион денари!

Во просек по 7.000 денари за граѓаните опфатени со државната помош, а за функционерите милион денари, па сега Вие споредете ја ,,грижата” за граѓаните и за избраните и именувани лица
Пакетот државна помош кој криминализираната влада го брани од петни жили, всушност како што навестивме претставува трошки во споредба со она што го добиваат функционерите со покачувањето од 78% за кое има проектирано пари и со новиот буџет за 2024 година.
И за ова, партијата ДЕМОКРАТИ објави уште пред владините криминалци да ги соопштат проекциите за изгледот на државната каса наредната година. Јасно ни е со кого си имаме работа и знаевме дека наспроти тоа што се зборува дека платите ќе ги вратат по старо, покачувањето ќе си важи и за наредната година а веројатно и понатаму. Пари има, се најдоа но, само за функционерите не и за работниците кои секојдневно протестираат пред затворените врати на институциите, не и за пензионерите..
Кога би илустрирале, со покачената плата од 78% премиерот, во случајов Ковачевски на годишно ниво зема 13.500 евра повеќе. 14.400 евра повеќе на годишно ниво, земаат и шефот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието Џафери.
Сето ова говори дека 7-те илјади денари во просек петте следни месеци, за дел од граѓаните за кои се наменети, нема нешто многу да им помогнат. Официјалните податоци потврдуваат дека 600 000 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден или секој трет граѓанин во државава живее со 150 денари дневно. Нивото е премногу ниско за 3 000, 2 000 или 1 500 денари месечно пет месеци, да значат некому којзнае колкаво одлепување од сиромаштијата.
Во Македонија во најкритичните области како здравството работат луѓе без решен работен статус. Само со договор на дело кој не ја достигнува ниту минималната плата кога ќе се одбие трошокот за здравственото осигурување кое вработените ангажирани хонорарно или со договор на дело, си го плаќаат сами, им остануваат околу 300 евра да го протераат месецот. А, цените каде што пазарат сиромашните и богатите се исти и за тие со 300 евра плата и за тие како функционерите со 2 500 и 3 000 евра плати.
Се најавува покачување на струјата од Нова Година. А, евтината тарифа што почна од петокот само 2 часа на ден, не ја добиваат сите граѓани. И тука е направена народски кажано некоја ујдурма, па некои броила гледаме автоматски не префрлаат на евтината струја.
А владејачките криминални партии деновиве се отепаа од правење прес конференции да се пофалат со двочасовната евтина тарифа..се тоа убаво само уште броилата да ги префрлаат на евтина струја. Да не е тажно би било многу смешно почитувани. Македонскиот пакет државна помош е таков, од една страна ти зема за од друга да изгледа како божем дека ти дава..
Почитувани веројатно и Вам ви е јасно дека со оваа државна помош власта ви се умилкува пред избори..со 7 000 денари во просек за сите, сака да заборавите за кражбите, криминалот за тендерите за острите критики од странците за неправдата, партизацијата, срамната трговија со скапата терапија на грбот на онколошки болните, немањето лек Трикафта за лицата со цистична фиброза, скапите цени какви што нема ни во Европа…
Почитувани ДЕМОКРАТИ ве покануваат во ,,Фронт за спас на Македонија”..Доста е веќе од лажења, ниски вреднување, арамилак, обезличувања, ширење етничка нетрпеливост..ДЕМОКРАТИ се се она што не се и не можат никогаш да бидат СДС, ДУИ и ДПНЕ..Ако сте подготвени за поинаков колорит, дојдете да се обединиме !
Придружетени се! Ве очекуваме!
Претходно Проследете го излагањето на претседателот на ДЕМОКРАТИ господин Јорго Огненовски од Трибината ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА одржана во Гостивар!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ