ДЕМОКРАТИ ги обвинуваат криминализираните СДС, ДУИ и ДПНЕ што користат дневна политика во случајот за скопска Онкологија
Како не се засрамите вие од СДС, ДУИ и ДПНЕ кои очи извадивте на Анкетната комисија наместо да помогнете да се разреши монструозниот случај на тргување со здравјето на болните од карцином на Универзитетската клиника во Скопје. Тажно е да се слушаат изјавите на онколошки болните кои велат за разлика од пред три месеци кога се понадевале дека државава ќе заличи како нормална земја и под итно ќе се истражи случајот со малверзациите со скапата терапија која била продавана на Косово, а на болните им бил ставан обичен физиолошки раствор, сега се разочарани и уверени дека сите инволвирани прават случајот да се заташка за да не сноси одговорност никој.
Малку ви беше седницата на Анкетната комисија, па продолжувате на социјалните мрежи со меѓусебни евтини партиски препукувања со напади од типот кој е постар јајцето или кокошката. А, кога вие сте во прашање лузери од власта и од опозицијата, тогаш работите изгледаат до таму забегани затоа што не ги лоцирате проблемите на вистинското место и правите се вашето ,,племе” да не ја плати политичката цена. Се штитите на грбот на онколошки болните, без трошка грижа на совест, емпатија, или вина дека ништо не сте направиле да ги превенирате ваквите состојби, а кога се случија ништо не правите што побрзо да се расветли случајот.
А јавното обвинителство е приказна за самото себе. Цели три месеци случајот е заглавен во предистрага. Додека да истражат виновниците ќе фатат магла, ќе избегаат од државата како што се слуша за медицинската сестра која била главен извршител на целите нечовечни зделки во кои наместо скапа терапија на болните им бил ставан обичен физиолошки раствор. Која монструозност, како можете да живеете со оваа дамка на вашата ионака нечиста совест?
Обвинителот Јовески наместо да оди да коленичи кај министерот за правда Лога за уште еден мандат, да побрза да го расветли случајот, а не три месеци да тапка во предистрага.
Монструми сите се занимавате само со личните кариери и финансиска добивка, а никој не ги гледа онколошки болните, кутри луѓе кои дигнаа раце од вас зашто пребрзо ги разочаравте и ги оставивте сами на себе одговори да бараат и да живеат во страв дали можеби и ним им бил ставан некаков си раствор наместо адекватна терапија.
Овој случај мора да има епилог. Правдата мора да биде задоволена за колку толку да им се смири совеста на оние чие будење секој нареден ден е голема непознаница.
ДЕМОКРАТИ застануваат рамо до рамо со Вас онколошки болните во вашите битки пред институциите кои за жал кон граѓаните се однесуваат како кон најголеми душмани.
Ви стоиме на располагање да добие гласност целата ваша битка и видливост од надлежните служби…ДЕМОКРАТИ го осудуваат крајно индолентниот однос на општеството кон овој случај.
Било да не се повтори!


