До кое дереџе се дојдени СДС, ДУИ и ДПНЕ кога странските амбасадори мора да ги потсетуваат дека треба да се борат со организираниот криминал и корупцијата?!

Деновиве прилично фреквентно странските амбасадори даваат изјави со акцент на потребата партиите пред избори да се заложат за борба со корупцијата но и со непотизмот. Оваа јавно посочена насока за тоа што треба да се најде во содржината на изборните програми, индиректно упатува на фактот што странците, општеството ни го гледаат како дувло на разулавени криминални банди и корупција, непотизам и криминал на секое ниво.
Потребна е политичка воља, култура на водење политика но и граѓанска култура со која на криминализираните политичари какви што ги имаме последните 32 години, ќе им дишат во врат и ќе ги казнуваат на избори со тоа што нема да ги гласаат се додека позициите ги гледаат како можност за да се доберат до материјална односно парична придобивка.
Моќта е во граѓаните на кои според истражувањето на МЦМС, само годинава на половина милион од нив им било побарано мито, а без малку 400.000 дале мито за да завршат некоја работа. Ова значи дека на секој четврти граѓанин му било побарано мито, а секој трет дал мито, замислете само оваа година.
Дефинитивно ова упатува и на потребата и граѓаните да се променат, да се одважат и да сватат дека тие по институциите се таму за граѓаните, а не се граѓаните за нив. Не одат граѓаните по институциите заради криминализираната администрација и за некој да им побара мито, туку за да им се заврши некоја работа бидејќи тие за тоа земаат плата и ги вработила државата како сервис на граѓаните.
Но, како со тек на годините во администрацијата се трупаа партиски кадри, тие сметаа дека наместо за граѓаните таму се за партијата и прво што треба да и угодат тоа е партијата. Па и крадат и уценуваат за партијата, бараат мито и наплатуваат мито, впрочем бројките го кажуваат тоа.
Оваа длабока состојба на непотизам, барање мито и уценување на народот треба ние граѓаните да ја запреме.
Ние од партијата ДЕМОКРАТИ први го отворивме ,,Фронт за спас на Македонија”, а едно од полињата на борба е против криминалот, корупцијата, непотизмот.
Дури и американската амбасадорка Агелер но и холандскиот амбасадор Кооп, како и амбасадорот на ЕУ, Гир ги охрабруваат граѓаните дека тие се тие што можат да ја направат промената. На вака широко и длабоко распространета корупција може да и се стави крај ако целиот систем се вклучи во борба за нејзино сузбивање во спротивно таа борба нема да даде резултати..
Американците ја создадоа Црната листа и ставија неколку имиња на истата, а ако внимателно се погледнат тие ликови и нивната поврзаност со одредена партија, ќе се види дека има од секаде по некој и блиски до СДС, и до ДПНЕ и до ДУИ.
Симболиката е дека криминализирани сте сите три најголеми партии и освен промена во вашата матрица но и во матрицата на македонскиот граѓанин да не ги гласа овие партии..
Дајте ни можност нам, почитувани граѓани ДЕМОКРАТИ се тука и со своето постоење ви дава можност да ги казните овие три партии кон кои и странските дипломати упатуваат отворени забелешки без дипломатски ракавици.
Ве очекуваме во ,,Фронт за спас на Македонија”!
Претходно Благодарение на Соединетите Американски Држави, еден по еден ќе ги истребиме криминалците во Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ