Драго ни е што не сме дел од оваа сирота духовно, а материјално многу богата политичка номенклатура!

И по изгледот и по водењето на политиката како квадратура на кругот, изгледаше таканаречената ,,лидерска” средба во Собранието таа зграда која треба да претставува храм на демократијата, а всушност е претворена во се што е антипод на оваа придобивка на цивилизираниот свет.
Лидерска без лидер беше овој состанок, зашто лидери Македонија последниве 32 години, во вистинска смисла на зборот нема. Лидерот нема да дозволи неговите граѓани во континуитет да назадуваат на секој план цели 32 години.
И дојдовме до ова ниво на морално деградиран систем, во кој криминалци со играње коцка и лихварење и водење криминални бизниси и дрога да ни го силуваат општеството и сите граѓани во него прво со сиромаштијата која го јаде секојдневно нивното достоинство, сигурност, перспектива, па со се останато натаму…
Не знаеме зошто беше потребна ,,лидерска” средба кога датумите за изборите се содржани во Изборниот законик, а очекувано не се направи ништо ниту за една изборна единица. Помалите партии кои се дел од коалициите кои се предводени од СДС, ДУИ или од ДПНЕ не ни прашаа што се случи со оваа тема иако трите партии им го ветија тоа.
Кој полтронизам, медиокритетство и лукративност, сите молчат, а се многу гласни по тв дебати. Се знае и зошто. Чекаат нов сигнал од ,,големиот брат” за нова коалициска дружба со која ќе го продолжат ,,оргијањето” извинете на израз, врз граѓаните.
Каде се да тропнат на маса да се спротивстават да побараат одговори зошто на овие избори не се оди со една изборна единица, отворени листи, во које е можно до израз да дојдат и условно речено помалите партии, а не орото да го водат овие до гуша закопани во криминал партии.
Ова е и препорака од ОБСЕ/ОДИХР како што е и препораката за прочистување на Избирачкиот список но и за тоа нема време. Многу проѕирни игри се играат, за некој повторно да ја собере маста односно гласовите на изборите, а со тоа и победата.
Но ние сме тука, ДЕМОКРАТИ се тука да им покажат дека и во вакви услови, на нерамноправна битка и старт во изборната трка што е и уставно загарантирано право, ќе им се спротивставиме со поднесување листи и со секојдневно отрезнување на јавноста, зошто е потребно да направи разлика помеѓу нив и нас и да ја увиди лагата во која ги држи долго време оваа криминализирана тројка партии која си се договараат кој кога ќе биде на власт, а кој опозиција за да го узурпираат просторот и да не дозволат простор за ново организиран политички субјект како партијата ДЕМОКРАТИ. Но ние сме тука посветени на борбата со демократски средства, на избори да им го покажеме местото на страниците на срамната и болна македонска историја. Доста беше, не ви се плашиме .
Затоа почитувани ве покануваме во ,,Фронт за спас на Македонија” приклучете ни се!
May be an image of text
All reactions:

244

Претходно Проследете го излагањето на господин Пеце Ѓорговски од Трибината ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА одржана во Гостивар!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ