Додека студентите ќе добиваат 1.000 денари месечна финансиска помош наредните 7 месеци, или вкупно мизерни 7.000 денари од страна на ненародната Владата, ненародната Влада на чело со ненародниот премиер Ковачевски и неговите заменици, Грковска, Груби, Маричиќ и Битиќи ќе инкасиираат за наредните 7 месеци повеќе од 3,500.000 милиони денари или секој ќе зема месечна плата повеќе од 2.000 евра благодарение на астрономското покачување на платите од 78 проценти во месец март.
ДЕМОКРАТИ се згрозени од манипулациите на ненародна Владата со студентите, надевајќи се дека можат да ги купат студентите со мизерни 1.000 денари месечна финансиска помош и ќе гласат за нив на наредните парламентарни и претседателски избори.
Студентите се многу попаметни од членовите на Владата и на наредните парламентарни и претседателски избори ќе ги казнат и испратат во мрачната македонска историјата еднаш за секогаш!
За жал, овие мерки немаат да им го подобрат животот на студентите, напротив ја понижуваат интелегенцијата на студентите.
ДЕМОКРАТИ се залагаат за бесплатно образование, бесплатни книги, домови, храна, превоз, подобар животен стандард и подобар живот за студентите, а не да бидат манипулирани од страна на ненародната Влада со мизерна финансиска помош од 1.000 денари месечно!
Затоа почитувани студенти и граѓани, придружете ни се во ,,Фронт за спас на Македонија” зашто работата со криминалите на овие злосторнички криминални партии СДС-ДУИ-ДПНЕ кои владееа 32 години и го уништуваа образованието, животите на учениците и студентите, кои ја разнебитуваа, ограбуваа, обезличуваа Македонија, бараат активизам за спас на она што остана од Македонија и од нас кои сме решиле иднината да ја градиме овде.
Ве очекуваме, да го окрупниме Фронтот, се друго ќе биде натамошно руинирање.


