Криминалните злосторнички здруженија на СДС, ДПНЕ и ДУИ велат дека сочувствуваат со проблемите на граѓаните, и дека сите наши проблеми ќе ги стават во изборните програми. Каква расипаност, какво лицемерие!
Што ќе добиеме ние граѓаните ако нашите проблеми и желби се стават во нивните изборните програми, ако немаат никаква обврска тие изборни програми и да ги остварат? Па колку изборни програми до сега направија, скоро ништо не реализираа од нив – и никому ништо? Према нив игледа дека е нормално да се лаже во изборните програми!
Обврска за исполнување на комплетната изборна програма партиите и политичарите имаат само во изборниот систем со отворени листи, зошто само тогаш реизборот на политичарите и на партиите зависи од нашите граѓански преференцијални гласови лично за политичарите. Со отворени листи партиите мора да ги остваруваат изборните ветувања за да се здобијат со нашата граѓанска доверба, зошто без доверба – тогаш нема што да бараат на избори !
Ние ДЕМОКРАТИ сме партија на чесни и квалитетни луѓе, со работно и животно искуство, главна карактеристика ни е почитта и довербата од граѓаните, и затоа како ДЕМОКРАТИ максимално се залагаме за итно воведување на отворените изборни листи во Македонија.
Промена на криминалниот Изборен законик, воведување на Една изборна единица и Отворени изборни листи е една од главните цели на предизборната програма на Фронтот за спас на Македонија, чиј иницијатор сме ние ДЕМОКРАТИ, и со воведувањето на отворените листи ставаме крај на лажните сочувства и предизборни ветувања од криминалните партии.
Со отворените листи се враќаат почитувањето и довербата на граѓаните во партиите – тогаш партиите мора да ги остваруваат изборните ветувања и програми.
Со отворените листи ние граѓаните стануваме главни во државата, и затоа сите граѓани на изборите сега масовно ќе гласаме за Фронтот за спас на Македонија – за да си ја ослободиме заробената држава, и да си ја вратиме во наши, граѓански раце! А ние граѓаните, преку нашите претставници во парламентот изгласани со отворените листи, најдобро знаеме како треба да се раководи со Македонија!
Затоа почитувани граѓани, придружете ни се во ,,Фронт за спас на Македонија” зашто работата со криминалите на овие злосторнички криминални здруженија СДС-ДУИ-ДПНЕ кои владееа 32 години и ја уништуваа, разнебитуваа, ограбуваа, обезличуваа Македонија, бараат активизам за спас на она што остана од Македонија и од нас кои сме решиле иднината да ја градиме овде.
Ве очекуваме, да го окрупниме Фронтот!


