ДЕМОКРАТИ им го честитаат Божиќ на католичките верници и на сите кои слават по Грегоријанскиот календар!

Нека топлината и радоста на празникот со љубов ја обвие целата земјина топка. Да нема војни, гладни, раселени, сиромашни, солзи, тага..а да завладее мир, љубов, спокој, човекољубие, разбирање, толеранција, алтруизам.. Нека Бог всади во сите нас желба и порив да сме подобри луѓе, да си ја сакаме државата, да работиме за нејзин напредок на сите полиња, но и да се охрабриме со силата и вољата да ги санкционираме сите оние кои крадат и ретроградно се однесуваат кон секоја прогресивна идеја.
Воедно го честитаме Божиќ на Бискупот на Католичката заедница и црква во Македонија, монсињор Киро Стојанов.
На земјата мир, а на луѓето со добра воља, здравје, љубов и слога им посакуваме во домот и семејството!
Среќен Божиќ!
Merry Christmas!
Претходно Проследете го излагањето на претседателот на ДЕМОКРАТИ господин Јорго Огненовски од Трибината ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ