На 22 месецов на пленарна седница на Собранието е ставен по скратена постапка да помине Предлог законот за легализација на дивоградби. Ако претходниот закон предвидуваше легализација на дивоградби изградени до 04 март 2011 година, со овој закон се предлага легализација на сите изградени објекти на диво, без дозвола за градба до 31.12.2022 година, што значи временскиот опфат е зголемен за 11, 6 години.
Ова не е прв пат да се менуваат законите за легализација на дивоградбите во последниве 12 години. Редовен декор од предизборието се и измени и дополнувања на законот за легализација на дивоградби со кој власта се надева на гласови од оние кои имаат нелегално изграден објект.
Но, никој не води грижа за тоа каква порака се испраќа до јавноста. Градете слободно без дозволи за градба, без законски норми и стандарди кога ќе дојдеме на власт ќе можете да ги легализирате.
Со тоа во нерамноправна положба се ставаат сите останати граѓани кои градат легално. Предлог законот предвидува лицата кои немаат поднесено барање за легализација на дивоградби да можат најдоцна до 31 декември 2024 година да ја завршат постапката.
И ова така си продолжува со години почитувани граѓани.За едни државата е маќеа за други мајка. Се поттикнува незаконското делување кое потоа се озаконува.
Нелегалното, бесправното се претвора во легално и правно. Па за што ние овде зборуваме?
Како да не ни се доволни сите негативни оценки од граѓани, од странски дипломати дека овде ние немаме владеење на правото, дека имаме епидемија од корупција, а со овој и ваков начин уште повеќе се поттикнува корупцијата и криминалот.
А, велат биле за ЕУ , а велат биле Европски Фронт…море каков европски фронт, не ги ставајте овие термини со обид да го задскриете незаконското работење на сите полиња од кое работење инкасирате високи и нелегални провизии.
Ова е само дел од подмитувачкиот корпус на работи кои ги планираат властите за лов на гласачи. Една од популистичките мерки кои ги видовме и претходно е и државната помош од над 620 милиони евра. А и високо скроениот буџет од 5,5 милијарди евра е типично изборен како и дополнителните позајмици односно задолжувања од 700 милиони евра.
СДС и ДУИ а претходно и ДПНЕ кога веќе не можат со идеологија која ја немаат и чесно работење да освојуваат и придобијат гласачи посегнаа по купување на истите. Но, тоа треба сите да знаете дека се пари од сите нас. Со наши и со ваши пари пробуваат да ја купат наклонетоста за глас повеќе. Но драги наши почитувачи , сметките за наплата потоа ни се удираат од главите на сите нас , преку поскапување на струја, вода, акцизни стоки, храна која е најскапа во регионот и Европа.
Затоа почитувани не подлегнувајте на овие ,,данајски подароци” кога ќе се распакуваат ќе се види целата перфидна политика на овие партии кон вас.
Имате избор за кого да гласате. Вашиот глас е вашата иднина и иднината на вашите деца. Не дозволувајте Вашиот глас многу евтино да го продадете. Направете разлика и вистински избор. Дали сакате арамиите и натаму да владеат со сите нас или конечно ќе им се ,,заблагодариме” и ќе ги испратиме во минатото.
Придружетени се во ,,Фронт за спас на Македонија”- единствениот Фронт што е на Ваша страна на страната на напатениот, осиромашен и изманипулиран македонски граѓанин.


