Македонското здравство во тотален колапс!

Македонскиот здравствен систем, особено јавното здравство е во тотален колапс и со децении се соочува со сериозни проблеми што резултираат со сè попроблематични здравствени услуги што ги испорачува системот де факто на граѓаните.
Постои една многу едноставна, но важна дефиниција на СЗО од 1999 година што ја одредува целта на здравството во општеството и таа е дека треба „да им се овозможи на сите луѓе највисоко можно ниво на здравствена состојба“ при што е очигледно дека акцентот е ставен на зборовите „највисоко можно ниво“ со што тоа се става во контекст на конкретните прилики во секоја земја.
За жал, ние во моментов не обезбедуваме такво ниво на здравствена заштита за граѓаните на Македонија, напротив благодарение на 32 годишното владеење на злосторничките здруженија на СДС-ДПНЕ- ДУИ и нивните злосторнички криминални банди кои го уништија јавното здравство и на стотици илјади пациенти во последните 32 години здравјето им се влошило или изумреа по нашите здравствени установи-мртовечници.
Огромна предност на нашиот здравствен систем беше што во процесот на транзиција тој не мораше радикално да се трансформира бидејќи уште во ерата на социјализмот беше релативно добро развиен и потпрен на солиден систем на задолжително фондовско јавно здравствено осигурување (т.н. Бизмарков модел). Ниедна земја во регионов, освен од поранешната Југословенска држава, ја немаа таа предност и фондовскиот систем по 1990 година го градеа од темел.
Но, таа предност, со текот на годините, стана и нашиот голем пораз. Немањето потреба од големи и радикални промени доведе до здравствениот систем на некој начин да потоне да речеме во „самозадоволство“ кое го претвори во еден релативно тром, нединамичен, недоволно ефикасен систем што нема склоност кон свое реформирање.
Таквата состојба ни испорача своја горчлива цена. Додека медицината и грижата за здравјето на луѓето во светот напредуваа, системот на здравствена заштита и особено на здравственото осигурување кај нас заостануваа.
Денес ние имаме состојба во која Македонија има универзално здравствено осигурување на населението и законски дефинирана целосна опфатеност на населението со јавно здравствено осигурување од 100 отсто, односно секој жител е здравствено осигуран преку плаќање на задолжителен здравствен придонес или тој му го покрива државата.
Сепак, здравствените услуги де факто нередовно се добиваат или се добиваат по долго чекање и многу неквалитетно. Па оттука обезбедувањето на здравствени услуги на пазарот преку приватните здравствени установи-директни плаќања од страна на граѓаните достигна до 35 отсто од вкупните здравствени трошоци во земјава.
ЗАДРЖУВАЈЌИ ГИ НАЧЕЛАТА НА СОЛИДАРНОСТ И ЕДНАКВОСТ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ И УНИВЕРЗАЛНОСТА НА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ, УЧЕСТВОТО НА ВКУПНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЗДРАВСТВО СЕКОЈДНЕВНО РАСТЕ. РАСТЕ И ПАРТИЦИПАЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ. МАКЕДОНСКИОТ ГРАЃАНИН Е СТРАДЕН ДА ОТИДЕ НА ЛЕКАР БИДЕЈЌИ Е СИРОМАВ И НЕМА ФИНАНСИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ.
ДЕМОКРАТИ СЕ ВО СЛУЖБА НА ГРАЃАНИТЕ И МОРА ДА ГО ПРОМЕНАТ ОВОЈ ТРУЛ ЗДРАВСТВЕН МОДЕЛ СО НАЈКВАЛИТЕТЕН И БЕСПЛАТЕН.
СОЛИДАРЕН ФОНД СО БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ ВИ НУДАТ ДЕМОКРАТИ.
НИКОГАШ НЕМА ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ ДОКОЛКУ ГЛАСАТЕ ЗА НАС ДА ЈА ИЗНЕВЕРИМЕ ВАШАТА ДОВЕРБА.
ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ Е СВЕТА НАША ДОЛЖНОСТ.
ВАШЕ Е ДА ОДБЕРЕТЕ ЖИВОТ ИЛИ СМРТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЈАВНО, ПРИМАРНО, СЕКУНДАРНО И ТЕРЦИЕРНО ЗДРАВСТВО.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО ФРОНТОТ ЗА СПАС НА ЗДРАВСТВОТО, ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ И МАКЕДОНИЈА!
ДЕМОКРАТИ ВИ НУДАТ РАДИКАЛНИ ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ ВО СФЕРАТА ЗДРАВСТВО!
Претходно Среќна нова 2024 година народе на Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ