Деновиве криминализираните партии од власта ја почнаа скапо платената кампања за ЕУ која ја платија околу 350 илјади евра. Но освен легализиран поткуп на медиуми и ПР агенции нема да видиме ништо од ЕУ зашто наместо тие да ни го запалат и одржуваат жарот за ЕУ тие ни го гаснат, а некаде и целосно го изгаснаа.
Корупцијата на ангро, неказнивоста, простувањето на криминалот на високо профилирани лица во политиката и избрани и именувани функционери, партиските вработувања , непотизмот си го зедоа данокот односно ја намалија поддршката за ЕУ кај јавноста. ЕУ не е полна уста ЕУ, и кражба на терен туку европски правила и вредности прво во мајндсетот на сите нас па потоа во она што го работиме.
Впрочем и Институтот за Демократија деновиве објави анкета која покажа поддршка само на 60 % од граѓаните за ЕУ што е историски најнизок скор досега. Замислете ова и се случува на најевропската влада за каква самата се декларира, се разбира уште да има кој да им верува. 76% од граѓаните уставните измени не ги поддржуваат, на 20 % не им е битно членството во ЕУ, 12% отворено се против ЕУ, а и половината од младите од 18-24 години не сакаат ни членство во ЕУ.
И сега со која кампања тие ќе ја поправаат сликата за ЕУ, каков европски наводен Фронт се тие кога она што го демонстрираат на теренот е само корупција, клевети, навреди, договарања за тендери во 4 очи , згрижување на нивните по државните институции без никаков мерит систем туку по партиски и полтронски клуч.
Почитувани така во ЕУ не се оди, да не зборуваме за дубиозите во здравството, образованието, земјоделието, економијата, а кон ова ако ги додадеме и односите со странските партнери на кои им благодариме што ги извадија дипломатските ракавици и отворено кажаа дека корупцијата е од епидемиски размери овде.
И наместо после ова да си поднесат колективна оставка тие ќе ја подобруваат сликата за ЕУ кај граѓаните. Граѓаните не се малоумни па вие сега да им ја цртате ЕУ, граѓаните убаво реагираат кон врхушката на власт на која ЕУ и е стожерна тема но ко божем. Доста лаги. За некој месец ќе ве испратиме во мрачната македонската историјата и дури потоа ќе видите како се работи за ЕУ трансформација.
Придружете ни се во ,,Фронтот за спас на Македонија” од сите лажговци, криминалци, пробисветови кои ги запоседнале институциите.
Ве очекуваме!


