Удар врз религиозните чувства на граѓаните

Повторно се разгорува меѓуетничката тензија, а тие што ја потпалуваат изгледа забораваат дека од една искра може да се направи пламен. И тоа сега пред празници за народот да се држи замолчен и исплашен како зајак во грмушка пред наезда на волци. Да не размислува за тоа колку има пари да преживее тој и неговите деца, а да е благодарен што се живее во мир.
Овде во Македонија се покажало и досега, за жал, несреќно дека ако сакаш да ги поттикнеш различните етникуми на меѓусебно нетрпение тогаш удри по нивната етничка припадност, ама сега со одлуката на општина Тетово за уривање на крстот на Шапка се удира и врз религиозните чувства.
Кому му е потребно сето ова почитувани граѓани?
Со ова прашање ве стимулираме да размислите.
Касами раководи со Тетово, а на Шапка има над 5 илјади дивоградби меѓу кои и џамија со 20 метарско минаре. Па редот е да се урнат сите тие хациенди па да се дојде до крстот, инаку Шара така како што е голема и убава ќе му се сруши врз глава на Касами, но и на ДПНЕ кои се власт во советот на општината.
Пред празници и пред избори Касами ја темпирал оваа работа само е убаво да знае дека нема да му помине. И тој го знае тоа но поттикнува верска, етничка и партиска нетрпеливост за потоа кога ќе ретерира да се прогласи како спасител.
Но, ете тоа се и такви се македонските политички банди кои изминатите 32 години ја приватизираа до тој степен државата та прават со неа и со сите нас што сакаат.
Но доста е веќе ДЕМОКРАТИ се тука да им ги осуетат нивните болни конструкции и да им се спротивстават со демократски средства на избори.
Повторно Касами и нивниот таканаречен Европски Фронт за промени со Меџити и Гаши деновиве смислија и тоа дека косовското ,,Самоопределување” на Албин Курти ќе учествувало на изборите овде. Така спакувана ујдурма и обланда за лесно да се голтне од јавноста и повторно да се поттикне страв, неизвесност, несигурност.
Што Европски Фронт ќе беше тоа ако треба од Косово да се земаат кадри?
Повторно евтина политичка патка која разгорува омраза, нетрпение од сите размери. Македонската легислатива не дозволува странски партии да учествуваат на избори овде. Тоа го знаат и овие од Фронтот, но така им чини за да поттикнат неубави чувства во јавноста.
И ете повторно имате најави за протести. За нетрпението што ќе се излезе на улиците но едно нетрпение предизвикува нетрпение кај другите.
Народе свестете се и Македонци и Албанци СДС, ДПНЕ, ДУИ, БЕСА..ве имаат како кукли на конци во нивните раце и прават што сакаат односно сакаат да продолжат да прават така како што сакаат.
Но јавноста одамна ги има препознаено, а ДЕМОКРАТИ им порачуваат да ги тргнат на страна болните политички конструкти за да ќарат повеќе некој глас на изборите. Не можете да ни понудите перспектива како живее модерниот свет, а ни нудите перспектива од 19 век.
ДЕМОКРАТИ е партија на која не и се својствени овие и вакви тенденции туку се спротивставува на истите и застанува против нив, им ги осуетува намерите и ве охрабрува погледот да го свртите кон иднината што ви ја нудиме, а не кон мизеријата шти ви ја нудат овие партии.
Потребно е само да гласате за нас на изборите за Македонија да ја направиме достојно место за живеење за сите нас независно од верската и од етничката припадност.
Доста веќе го плашите народот и го терате да се чувствува како потстанар во својата куќа.
Помина вашето време, а времето на ДЕМОКРАТИ доаѓа. Затоа почитувани граѓани придружете ни се во Фронтот за спас на Македонија. Баш тоа ни треба сега да ја спасиме Македонија од домашниот непријател кој ја испокраде и уништува државата.
Претходно ЗЛОЧИН И КАЗНА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ