Македонскиот граѓанин живее се потежок живот и тоне се подлабоко во длабока црна дупка благодарение на 32 годишното владеење на злосторничките здруженија СДСМ, ДУИ, ДПНЕ и нивните злосторнички криминални банди!
За жал, производ на овие злосторнички здруженија се:
1. Физички болести
2. Психички пореметувања
3. Страв
4. Панично однесувања
5. Депресија
6. Анксиозност
7. Мазохизмот
Ова се производи на долгогодишното три децениско владеење со големи дози на Тоталитаризам, Авторитаризам, Садизам, Диктатура и Мазохизам.
Да анализираме постапно, зошто власти ги користеше овие механизми.
Тоталитаризмот е деструктивен механизам во цивилизирани општества каде што недостига свесност.
Државата станува држава на едно друшто кое што има хиерархија и цврсто се држи на служба.
Владеење со закани, уцени, страв врз својот народ. Режим каде што поосвестените, интелектуалците се прогонувани.
Граѓаните изманипулирани, криминален изборен законик со затворени листи, а на листите пратени луѓе од партија од таа одбрана елита која се штити меѓу себе и дури применува дози на садизам врз својот народ.
Партиите на власт имаат своја војска од полтрони, доушници, шпиони, полиција која што го контролира животот и активностите на популација робови.
Така се владее со затворен круг на луѓе, затворени листи, а производ затворени во ,,синџир” луѓе робови.
Употребуваат врз сопствен народ сервиран мазохизам со главна цел робовите да се навикнат и да го засакаат своето робување.
Масмедиумите во координација со власта делуваат на јавното мислења.
Заслепени граѓани во овој сервиран лавиринт кој не гледаат излез од овој ќорсокак навикнуваат да се сами на себе мазохисти.
Сето ова по примерот на користење стратегии на секташко владеење се сервисери и го праќаат крајниот производ МАЗОХИЗАМ.
Граѓанинот живее со мислата, добро е ќе истрпиме, Бог да чува од полошо, збунет од целава ситуација Македонскиот роб ги трпи синџирите на ропството.
Физичкото измачување е со прекувремена работа со труд и пот каде што физички боли цела снага, а неплатен труд според вложените резултати, евтина работна сила.
САДИЗМОТ е изживување со жртвата од секаков вид.
Во Македонија жртва е Македонскиот граѓанин.
Со стратегијата на власта на држење на покорност слично како најголемите секти се креираат мазохистички робови, врз кои власта сервира Садизам.
Затоа Садизмот и Мазохизмот се тесно поврзани.
Во Тоталитарни режими, министерствата, судството, обвинителството, полицијата образованието, здравството, културата се во власт на власта.
Диктатурата се остварува преку многу механизми со крајна цел, власта да остане цврста, нераскршена.
Авторитаризмот во Македонија владее до таа мерка што политичарите го контролираат и регулираат приватното однесување на масата народ.
Се користат политички пропаганди да останат само на власт.
ДЕМОКРАТИ велат:
Народе не трпи веќе!
Очите отвори ги граѓанину!
ПРИДРУЖЕТЕ ни се во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
Ние сме ДЕМОКРАТИ и затоа ќе му дадеме власт на народот!!!


