Дојдете со нас во ,,ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА”!

Денес во Македонија многумина ја поткрепуваат паролата „не не‘ бива“ со тоа што тврдат дека останале само малкумина вистински професионалци во Македонија.
Ама, за почетокот, добро би било барем тие да бидат поставени според објективните критериуми на стручност на одговорните функции.
Промените во општеството не може да ги направат луѓе што не веруваат дека промените се воопшто возможни.
Дека тие самите се способни да ги променат нештата!
Македонскиот дефектизам е погубен, затоа што ја обликува самоперцепцијата – личната и онаа на целото општество.
Само тој што не се чувствува способен да промени нешто во својот живот, не може да замисли дека промената е воопшто можна во општеството.
МОЖНИ СЕ ПРОМЕНИ, а знаете како:
,,Разбудете ја вашата совест”!
Запрашајте се што правите, на кој служите, на кој сте соучесници!
Дали правите нешто за вашиот личен развој, за да прогледате објективно суштински на работите.
Правете анализи зошто нашата мајка Македонија е доведена до степен на плач и лелек.
Секојдневно како мајка моли за спас, а вие дали го давате вашиот глас.
СИТЕ ЗАЕДНО ВО ,,ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА”!
Дефектизмот е самодеструктивен, затоа што ја убива надежта и самодовербата.
Затоа не се убивајте и не тонете во полтронство на покорни слуги.
Правдата е како шило излегува на виделина.
Ние сме ДЕМОКРАТИ храбри и чесни слуги во заштита на мајка Македонија од криминалот и корупцијата.
Нудиме, даваме максимум од нас со наши конструктивни идеи и предлози, за подобро утре.
,,ЗАТОА ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ ВО ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!”
Европски плати и задржување на младите во Македонија е наша крајна цел.
Бидејќи ние сме ДЕМОКРАТИ веруваме Македонија може, Македонија има ресурси за Европски плати и стандард!
Македонија вечна и вековита!!!
Претходно Јавен повик до младите во Македонија од страна на членот на централниот комитет на политичката партија ДЕМОКРАТИ господинот Илија Блажевски за формирање на ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ