Вестите околу Нова Година, поврзани со два немили настани во државната гинекологија, го вклучија алармот дека здравството е труло до најдолни граници.
На едното бебе при испуст за дома сестрата му го пресекла палецот а, на другото му била скршена раката при пораѓање. Можеби некој ќе не обвини за собирање евтини политички поени но, воопшто не ни е грижа бидејќи со овој наш пост сакаме да го предизвикаме вниманието на медицинските лица дека треба да бидат попосветени во работата, побудни, посвесни. Не треба да се вознемируваат што јавноста реагира, и треба да реагира бидејќи за живот се работи.
На одделот за пораѓање и на акушерскиот оддел, треба да работат високо остручени лица, со елан и подготвеност за работа, ведри, образовани, а не лица/сестри на кои преку глава им дошла работата и кои истата ја сваќаат само како чиста механичка работа. Ваквите оддели не трпат површност и паушалност. Бебињата не се ,,вреќа со компири”извинете на израз, па така неодговорно да се постапува кон нив. Мора да има одговорност, мора на медицинскиот кадар да му се стави до знаење дека работат со луѓе и за луѓе. Конечно самите ја избрале таа професија.
Освен Трикафтата за триесетина пациенти, лекот за болните од цистична фиброза, ништо позитивно не се случи во овој витален сектор. Ниту има епилог за случајот Онкологија, замислете случајот е сеуште во предистрага во Обвинителство, а Анкетната собраниска комисија видовме како помина со меѓусебни обвинувања и лов на евтини политички партиски поени меѓу политичките опоненти криминализираните партии СДС, ДПНЕ и ДУИ кои се директни виновници за овие и вакви состојби во здравството.
Нема ни нова позитивна листа на лекови, граѓаните се лечат со лекови од генерации од пред 15 години и повеќе. А и светот на фармакологијата оди напред, а ние се лечиме со лекови од минатиот век.
Дијабетичарите и натаму мака мачат за инсулин, одат и чекаат по шалтери со прашања на кои обично нема одговор..нема ни глукомери.
Почитувани ни по втората светска војна, здравството не било во толку очајна состојба. Кај нема апарати, квалитетни лекови, и персоналот не е на потребната висина на задачите. Колку само пати човековиот фактор се покажал како директен виновник за некоја немили ситуација со смртни последици.
Вака веќе не може. Затоа на ,,Фронтот за спас на Македонија” предводен од ДЕМОКРАТИ меѓу првите подрачја за решавање кога ќе дојде на власт, ќе му биде здравството и образованието. Со приучени кадри и со фалц дипломи до таму може да се стигне. Едно расипано јаболко ја расипува цела кошница јаболки.
Затоа одговорност мора да има за секој поединечно. Криминалот и корупцијата која ја има на ангро во овој ресор, конечно треба да имаат свое име и презиме.
Тука сме и ДА, можеме да ги смениме работите на подобро. Доста е веќе од мафијата во бели мантили и од фармацевтската мафија на кои граѓаните им се како заморчиња.
Затоа на изборите почитувани, внимавајте и неколку пати размислете кому ќе го дадете гласот. Гласајте за ДЕМОКРАТИ гласајте за врвно здравство! Гласајте за иднината на државата и на сите нас граѓаните станува збор, за нашите идни поколенија да им оставиме средена држава исчистена од сите штеточини на две нозе.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО ФРОНТОТ ЗА СПАС НА ЗДРАВСТВОТО И МАКЕДОНИЈА!
ДА, НИЕ МОЖЕМЕ!


