Терористички чин врз скопскиот аеродром и контролата на летање!

За жал, само со СДС, ДУИ и ДПНЕ во опозиција, можеме да се надеваме на ,,сигурен и безбеден лет” за сите нас преостанатите граѓани и за Македонија!
Врвот на сантата мраз, ја допре криминализираната влада со последните случувања во М/НАВ Контролата на летање. Името на Беким Незири кое се поврзува со вчерашниот упад во оваа многу важна стратешка и безбедносна институција во цивилното воздухопловство, не е од сега и прв пат да се соочиме со вакви информации и состојби само што сега ептен од под тепих излегоа на мегдан.
Беким е поранешен директор во Контролата на Летање од времето кога ДУИ беше во коалиција со ДПНЕ 2010/11 година.. И тогаш имаше бркање на професионални контролори на летање за да се примат нови по партиски клуч.
Сега ДУИ е коалициски партнер со СДС а Беким Незири кој во меѓувреме во времето на коалицијата со ДПНЕ стана и министер за економија, повторно ,,оргија” во Контролата на Летање кој со својата електронска картичка внел во М/НАВ уште седум други кои не работеле во оваа институција, а чие инволвирање може комплетно да се окарактеризира како ТЕРОРИСТИЧКИ ЧИН.
Среќа што оваа институција делумно е под контрола и на Еуроконтрол, па се очекува оваа европска институција да придонесе за квалитетно расчистување на случајот.
Од Владата видовме ќе одлучувала дури во вторник?! Наместо веднаш да си дадат неотповиклива оставка сите топтан, тие и натаму не брукаат и компромитираат низ светот со вакви настани..кои можело лесно на вчерашниот пир да резултира со големи последици па дури и човечки жртви.
Не случајно во Контролата на Летање има толку строги правила кој се треба да е на смена и колку лица во контролната зграда до која треба да се поминат три нивоа на обезбедување.
Но прашуваме што се случило со обезбедувањето вчера? Како не ги заинтригира што освен Незири се појавиле уште 7 лица за кои подоцна се испоставило дека се тепачи. Срам невиден. Брука која соодветствува на понашање на дива орда од времето кога немало ниту закон ниту поредок ниту пак организирана структура како држава. Но, за жал го допревме дното иако сме во 21 век. Очигледно само на зборови.
Како Демократи сето ова го пишуваме почитувани граѓани за да апострофираме уште еден пример поради што не треба на следните избори да им се даде глас на овие три криминализирани партии кои само си го покриваат меѓусебното ѓубре и не преземаат ништо да ги дисциплинираат своите каубојци на теренот. Која долност и нешто што не засрамува сите нас..
Затоа почитувани нека дојде некој повторно да не убедува дека ако зборуваме против кадри од ДУИ сме биле против албанците и сме ширеле етничка нетрпеливост и омраза. Тие сказни нека си ги кажуваат по дома. Ќе зборуваме, како што зборуваме за сите, кои ја бербата државата, институциите и нас како нејзини граѓани.
Злото секогаш има име и тоа треба да се апострофира и посочи, а не да се игнорира. Игнорирањето еднаш, на злото му дава сила повторно да удри со сета сила дури и повеќе од тоа како во случајот со ,,главниот лик” од овој наш напис Беким Незири, кој е заеднички именител на СДС, ДУИ и ДПНЕ сите овие години.
Затоа ,,Фронтот за спас на Македонија” широко ги отвора вратите за сите кои се против овие и вакви состојби продуцирани од криминалните политички банди на овие три партии. Да си ја вратиме државата кај граѓаните и да ја оттргнеме од рацете на криминалците. На ова не повикува нашата мајка Македонија.
Претходно Целосна поддршка на Синдикатот на контролори на летање!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ