Злосторничките здруженија што и да ви ветат само за возврат да го добијат вашиот глас, знајте дека ве лажат!

Меѓу Вас има луѓе кои 20 години чекаат вработување од злосторничките здруженија на СДС-ДПНЕ-ДУИ, а тие ве влечат и лажат со разни ветувања од изборен циклус до изборен циклус. Знаме дека тие на илјадници луѓе им ветуваат една иста работа. Кога се ќе заврши гласањето, еден добива работа, а стотици остануваат на улица и кога ќе им звонат им ја спуштаат слушалката. За жал, сите тие кои сега ги излажале се надеваат дека ќе се вработат во наредниот изборен циклус, а злосторниците продолжуваат да ве лажат само да ви го земат гласот. Овие манипулаци и лаги се повторуваат секој изборен циклус, 33 години!
До кога? И да Ви дадат работа, што сте добиле? Ќе ви дадат една работа, а се друго ќе Ви земат.
Ја одзедоа иднината, вашата и на вашите деца. Еден проблем решавате а 50 отварате. Да не набројуваме се, што тие уништија. И дали навистина нешто Ви дале?
На тие што им дале работа, тие мора крваво да ја одработат за мизерна плата и мора да бидат нивни партиски послушници и да живеат цело време со страв да не им згрешат на злосторничките партии и нивните злосторнички криминални банди и се под модерно ропство!
Форсирани се да одат по митинзи, да им носат гласови, стануваат нивни соучесници во уништување на Македонија и на крај ќе земат мизерна платичка, додека тие од народот ќе крадат милиончиња. А богатството што го стекнале на грбот на граѓаните им се гледа на секој чекор.
НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ!
Немојте да мислите дека нивниот опстанок на власт е гаранција дека ќе се исполнат ветувањата што Ви ги дале и дека ќе Ве вработат.
Гласајте за ДЕМОКРАТИ кои после изборите нема да им се осветуваат на обичните членови и симпатизери на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ. Нема да им се одмаздуваат. Но за вработување веќе нема да им се дава предност на луѓе по партиска основа. Знаеме дека повеќето од Вас немале друг избор.
Во иднина има да се цени само стручноста, знаењето, професионалноста, искуството, чесноста и колку време некој чека за работа. Тоа лично ние Ви го ветуваме.
Помогнете ни, со вашето приклучување во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА и со, Вашиот глас да направиме подобра иднина за сите нас. Помогнете си и себеси да излезете од ропството во кое се наоѓате. Ако сакате да бидете слободни луѓе.
СЕКОЈ ВАШ ГЛАС Е ВАША СУДБИНА!
ПРИДРУЖЕТЕ ни се во ДЕМОКРАТИ!
ПРИДРУЖЕТЕ ни се во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!
Претходно На денешен ден се роди македонскиот револуционер Даме Груев. Нека му е вечна славата на македонскиот великан!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ