КРИЗА НА ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ!

Да не сте им во кожа на некои партии сега пред избори, кога треба да се составуваат изборните програми. Што уште да им понудат на граѓаните што до сега не го понудиле – а за што веќе не ги излажале? За што уште би можеле да им ја измамат довербата?
Нема изборно ветување од овие „големи“ партии кое не било прекршено и потрошено. Никој веќе нема доверба дека било кој ветен голем проект од СДС, ДПНЕ и ДУИ во Македонија нема да биде само алатка за перење пари, и дека квалитетно ќе се заврши до крај.
СДСМ и ДУИ го потрошија и последниот адут кај албанците со ветувањето – албанец за премиер, и сега ќе не лажат со Европски фронт, иако тие самите немаат ниедна европска вредност. ДПНЕ ќе го „брани“ македонскиот идентитет со блокада на почетокот на отварањето на поглавјата со ЕУ, која што блокада уште повеќе ќе го зголеми земањето на бугарски пасоши од македонците – со продавање на македонскиот идентитет!?
И што можат сега СДС, ДПНЕ и ДУИ да им понудат на своите партиски војници и на граѓаните – освен некој денар поткуп или некоја намирница? Вработувања веќе нема во администрацијата – превработена е! Зголемување на плати и пензии не се можни – буџетот банкротира! Останаа уште притисоците, заканите и уцените – зар на сила ќе не тераат да гласаме за нив?
Има само уште еден максимално сериозен и голем проект кој може да се направи во Македонија за да ги спаси и државата и граѓаните од пропаст, и да ни ја направи државата правна, функционална, квалитетна и Европска, а тоа е – промена на криминалниот Изборен законик и воведувањето на отворените изборни листи!
Проектот отворени листи уште е и бесплатен, максимално ефикасен и ефективен! И гледај чудо, сите партии се за тој проект, СДС дури и го потроши во својата изборна програма за претходните избори – ама не го спроведе, и сега веќе нема лице повторно да го понуди.
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме дека отворените листи се основен предуслов за сузбивање на криминалот, корупцијата, клиентелизмот, партизацијата и презадолжувањето на државата, а со тоа и за спроведување на сите останати големи проекти и за развој на државата!
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме дека промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворени листи се главниот, најважен и најприоритетен проект од сите проекти, кој вистински и итно треба да се спроведе во Македонија!
Ние ДЕМОКРАТИ сме политичката сила која во својата изборна програма НАЈСЕРИОЗНО ќе го понуди и тој најголем и најсвет проект – промена на криминалниот Изборен законик и отворени изборни листи, преку коалицијата „Фронт за спас на Македонија!“
Ние ДЕМОКРАТИ сме партија од народот, за народот и кои што му служиме на народот!
Почитувани сограѓани, Вие многу добро знаете дека со отворените листи Вие граѓаните ќе дојдете на власт и ќе си ја вратите државата во свои раце – затоа што Вие сте нејзините вистински сопственици.
Затоа на следните избори сите гласаме за ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија, за отворените листи и за себе, за преку Фронтот за спас да си ги спасиме семејствата и Македонија, да ги вратиме нашите украдени граѓански пари, а политичките криминалци конечно да одат таму каде што им е местото – во затвор!
Претходно ДЕМОКРАТИ се борат за вистинска демократија и подобар живот за сите граѓани на Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ