Кој со кого и против кого на изборите?
Наспроти нерешителноста на македонските партии за обединет настап на претстојните избори со цел детронизирање на СДС, ДПНЕ и ДУИ кои со своето над 30 години битисување на политичката сцена се и најмногу заслужни за состојбата во која се наоѓаат институциите и сите ние заедно, можно е албанските да се соберат сите на купче и да и зададат удар на најкриминализираната меѓу нив – ДУИ или да се обединат со истата, (само да дојдат до власт), која исто како и СДС и ДПНЕ најдолго од албанскиот политички кампус е политички субјект кој бил на власт.
Оттаму логично се поставува прашањето дали политичките партии препознаваат што и кое е злото на кое треба да му се зададе удар на претстојните избори?
Дали македонските партии, оние што не сакаат обединет настап на претстојните претседателски и парламентарни избори во битката против СДС и ДПНЕ, препознаваат дека вистинското зло за Македонија се точно овие две македонски партии? Или за тоа ,,непрепознавање” всушност лежи желба за дејствување под нивни јарем во иднина?
И двете партии имаат по дваесетина помали партии во своите коалиции, со години, од оние пајтон – партии или човек – партии кои им служат за секакво поткусурување и за нудење ако некому му треба готова партија без да треба да собираат потписи. Kaкo случајот деновиве со скопската градоначалничка, која според одредени медиуми, ја купила Нова Алтернатива на докторот Оровчанец за 30 илјади евра + вработување на внукот на актуелниот В.Д. претседател на партијата, во моментот на продажбата. Ова од типот на онаа саркастична српска поговорка ,,Има се може се”.
Така да на политичката сцена остануваат многу малку политички субјекти кои делуваат самостојно, како што делуваат ДЕМОКРАТИ и кои во своите агенди нотираат дека се против овие две криминални мастодонт – партии ДПНЕ и СДС.
Но, ако е така и ако сите работиме на тоа да ги испратиме во мрачната македонска историја овие злосторнички партии, ниедна од сите нас со поединечен настап на изборите нема да може да им зададе удар. Но, кога би биле сите заедно во еден ,,Фронт за Спас на Македонија”, кој го прокламиравме сметаме дека би можеле да им ги поматиме сметките.
Затоа повикуваме до сите партии кои се против злото СДС-ДПНЕ-ДУИ на обединет настап бидејќи заедно сме посилни, а од друга страна позната е онаа стара мудрост ,,раздели па владеј”. Затоа е потребно да ги надминеме егата и суетите зашто се работи за победа над злото СДС, ДПНЕ, ДУИ и за спас на Македонија!
Кој е ,, ЗА ” подаваме рака за изборна соработка. Заедно сме посилни !
Долу злото СДС, ДПНЕ и ДУИ!


