СПАС ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПСИХОПАТИ!

Психологијата за психопатите одредува неколку карактеристики:
– Луѓе без чувства кон другите луѓе, без чувство за вина или жал;
– Луѓе кои се забавуваат измачувајќи други;
– Луѓе што манипулираат со други за да го добијат тоа што го сакаат;
– Луѓе кои не се способни за каење или емпатија;
– Луѓе кои чувствуваат среќа или мотивација само ако наградата е во новна корист;
– Луѓе кои преземаат криминални ризици со голема самодоверба, и совршени се за бавење со политика.
Само според наведените карактеристики ќе препознаете многу луѓе од денешната македонска политика.
Ние од ДЕМОКРАТИ уште велиме и дека психопати се луѓе кои креираат лаги, знаат дека се лаги – и свесно ги убедуваат сите други дека тоа е вистина!
Само политички психопати може на толку избори да ветуваат се и сешто, ништо од тоа да не остварат, да ја криминализираат, корумпираат, партизираат, презадолжаат и разнебитуваат државата – и пак за следните избори без трунка совест свесно да не лажат нас граѓаните дека токму сега ќе ги исполнат ветувањата!
Изборните кампањи најдобро ги откриваат психопатите во политиката. Најнапред партиски тимови испитуваат кои се најголемите желби на граѓаните, на кои што ние најлесно и најмногу ќе се „налепиме“, и нив ги ставаат во изборната програма – за да не излажат што повеќе граѓани да гласаме за таа партија. А тоа што нас граѓаните не сметаат за будали, дека пак ќе им поверуваме на нивните лаги и ќе ги гласаме – тоа е посебна дијагноза.
И сега следува психопатско креирање на јавното мислење преку нарачаните анкети: луѓе, сигурно победува ДПНЕ – придружувајте се кај победниците, луѓе сигурно победува европската коалиција на СДС и ДУИ, тука доаѓајте, и т.н. Но, ние граѓаните веќе ги прочитавме овие политички психопати, и уште малку будали останаа кои навистина им веруваат во нивните лаги. И според самите нивни психиопатски анкети неопределени има преку 70%, а тие се сигурно и повеќе од 90%. За психопатските СДС, ДПНЕ и ДУИ веќе не сакаат да гласаат ниту нивните членови, кои сватија дека се излажани и изманипулирани, и кои не сакаат повеќе за личен интерес на психопатите од нивната партија – да си ги уништуваат државата и своите семејства. Се повеќе луѓе се освестуваме, и се помалку луѓе останаа што ќе гласаат за овие политички психопати.
Ние ДЕМОКРАТИ гледаме, а и сите веќе сватија, дека криминалниот и коруптивен изборен закон со затворени листи создава и форсира психопати во политиката, на кои што само личниот интерес им е важен и за кој јавно ќе кажат се – и дека се социјалдемократи, и демохристијани, и патриоти и зелени, и се што треба.
Сега во изборната кампања бездушно ќе ги лажат и манипулираат луѓето, ќа прават изборни измами од секаков вид – само да дојдат до нашите буџетски пари. А по изборите – пак бездушно ќе местат тендери, ќе рекетираат за провизии, ќе малтретираат и психички и физички ќе умираат луѓе во јавните установи, приватни фирми и нашите јавни здравствени установи – МРТОВЕЧНИЦИ!
Ние ДЕМОКРАТИ го знаеме и го нудиме спасот од овие политички психопати, спасот за нас граѓаните и за државата, а тоа е – промена на криминалниот изборен закон и воведување на отворените листи!
Само со отворените листи нема лажење и крадење, се гледа вистината, има максимално почитување на законите и максимална отчетност кон граѓаните!
Само со отворени листи се бркаат психопатите од политиката, и се носат најквалитетни, чесни и хумани луѓе, одговорни и достоинствени, кои стојат зад она што ќе го кажат, и чиј што збор вреди! А ако некој се обиде да не лаже или манипулира нас граѓаните – нема криење, казната ќе стигне веднаш, и ниеден лидер нема да го заштити!
Значи, за да се спасиме од психопатите во нашата политика решението е лесно и бесплатно – на следните избори сите масовно да гласаме за ДЕМОКРАТИ и за Фронтот за спас на Македонија, и да ги го промениме Изборниот законик и воведеме Отворените изборни листи!
Ние од ДЕМОКРАТИ сме војници на вистината и на граѓаните, и од нас политичките психопати најмногу се плашат. Ние сме нивната спротивност – имаме многу длабоки чувства за нашата држава, за нашите семејства и сограѓани, и сакаме Македонија навистина да биде високоразвиена, правна и функционална држава на среќни луѓе! Гласот за Фронтот за спас на Македонија е и глас – за граѓанска власт!
Претходно МОРА да го уништиме криминалниот политички систем!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ