Кираџии во сопствениот дом!

Зошто оваа и сите претходни влади, стимулираат бинационална држава кога
Македонија е дефинирана како мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, но во пракса таа најмногу функционира како бинационална држава во која живеат Македонци и Албанци. Каде останатите етнички заедници како Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци..речиси никој да не ги споменува во јавните настапи. Не сме слушнале од власта што им недостасува на овие етникуми, дали има нешто што им недостасува, имаат ли некакви барања, задоволни ли се или пак не, од тоа како функционира државава и институциите во делот што се однесува на нивната посебност и права. Се некако е подложено и во функција на градење на слика за земјава дека е составена од македонски народ и од најбројното малцинство, албанското. Занемарувајќи ги останатите заедници, албанската се издигна над сите и кон се, пристапува во духот на таканаречената појава, мајоризација на малцинството, кога иако малцинство, се однесува и постапува како да е мнозинство..
Сето ова од ден на ден и од година во година, го јакне впечатокот дека покрај македонскиот во државата има и албански народ кој по бројност отскокнува од останатите етнички заедници, но никој не му кажал и не му се поставил така да му го покаже местото дека е далеку од стадиум да се промовира како втор конститутивен народ па согласно тоа да има право неговиот мајчин јазик да биде официјализиран како втор официјален јазик во Македонија. Но, некој со сила ги турка процесите во тој правец.
Зошто? е прашањето што ДЕМОКРАТИ го поставуваат веќе подолго време. Внес во тоа беше Законот за употреба на јазиците, така се вика но всушност е Закон за употребата на албанскиот јазик. Со него се уредуваат натписите на фирмите, сообраќајните знаци, армиските и полициските униформи, а е формирана и институција, инспекторат кој се грижи за неговата правилна примена која претпоставува и казни со илјадници евра ако не се употребува соодветно од институциите..А за официјалниот македонски јазик и неговата употреба, законот неколку месеци е во собраниска процедура и не е донесен во второ читање.
Тоа доволно говори за грижата кон нашиот мајчин и официјален јазик, македонскиот со кој засега и сеуште комуникацијата со светот односно со странските институции се одвива со него..
Но да се вратиме на основното прашање зошто се јакне бинационалниот карактер на државата кога таа е мултинационална? Зарем толку не водат грижа, македонските партии кои овие 32 години се менуваат на власт СДС и ДПНЕ каде би не одвело тоа?
Зошто нихилистички се однесуваат кон останатите малцинства, по ново наречени етнички заедници?
Има една анегдота, а се однесува на поранешниот претседател Киро Глигоров. Кога на почетокот на 90/тите години дошол некој странец во неговиот кабинет и почнал со фаворизација на потребата од исполнување на правата на албанците, Глигоров го внел во една просторија каде се наоѓал еден букет од голем број разновидни цвеќиња и по мирис и по вид, а со тоа и изглед, и му рекол на странскиот гостин дали го гледа овој букет и дека тој наликува на Македонија и затоа е толку разновиден и убав, и е убав зашто сите заедно цвеќиња собрани во една композиција го прават целото и кое само како такво може да опстои и да живее. Со тоа јасно им ставил до знаење дека овде нема само албанско малцинство, туку и многу други и дека ако се прави нешто за унапредување на правата, треба да се прави за сите подеднакво, а не само за одреден етникум. Но, во 2001 со војна албанците се дигнаа наводно за своите права по што се изроди Охридскиот договор кој од пред некоја година влезе како составен дел од преамбулата на Уставот. Но, повторно нагласуваме дека во се се фаворизираат албанците за сметка на сите други.
Ова неминовно води до бинационална држава, која ќе функционира како држава во држава, а како таков систем тоа не може да опстојува.
Затоа ДЕМОКРАТИ ќе го изменат тој и таков однос само кон една етничка заедница, грижа од државата треба подеднакво да почувствуваат и сите останати делови од народи што живеат во земјава,Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци..и уште 5 кои чекаат да бидат дефинирани со барањата за уставни измени.
Затоа почитувани, за да не ни стане државата бинационална па да станеме кираџии во сопствениот дом, во многу скора иднина, гласајте за ДЕМОКРАТИ, за партијата која се спротивставува и на СДС и на ДУИ и на ДПНЕ, сите тие кои државата ја доведоа до ова дереџе.
Контактирајте не. Само заедно можеме да го победиме злото. Заедно сме поединствени и посилни. Придружетени се сите кои сте со исти или слични размислувања, а за опстојот на нашата Македонија како мултикултурна средина во која има место за сите, а не за едни повеќе за други помалку.
Претходно ПРИДРУЖЕТЕ ни се во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ