Со кој образ министре Фатмир Бесими зборуваш за човечки капитал?

Избркавте се што може да се избрка, па сега ти ли ќе зборуваш за човечки капитал – брука една!
Министерот за Финансии во колумните кои буквално ги штанца и кои повеќе наликуваат на список на желби зошто ништо од тоа не се спроведува во реалноста, се однесува како да не е од овде или како да не е дел од владата, која на економски план прави се спротивно, од она што тој го нотира во тие текстови.
А и тоа е прашање дали се тоа негови написи или авторството го има некоја ПР агенција. Зошто ако пишува, зошто и не го примени тоа.Тој е министер, неговата ДУИ е дел од власта 20 години? Или ќе пишуваме розеви очекувања, а зад тоа ќе крадеме и ќе го уништуваме државното ткиво по сите основи?
НЕДОЗВОЛИВО!
Кого потценувате вие, на кого мислите се обраќате? На безлична аморфна маса која не размислува, не гледа и нема способност да расудува? Криминализирани политичари!
Во последната колумна вели: за да имаме раст од 5% , треба … и на прво место го става човековиот капитал?!
ДЕМОКРАТИ прашуваат за каков тоа човечки капитал зборува Бесими, кога го уништија тој капитал со деструктивните политики за политизација на државата, вработувања по партиски клуч (криминални политички вработувања), а не по мерит систем, непотизам присутен во сите институции, несоодветни образовни програми кои ги затупуваат младите, а не ги подготвуваат за поголема компетитивност на пазарот на труд.
За каков човечки капитал зборуваат, кога ги тераат младите да се пишат за Албанци или за Македонци, Срби, Власи, Турци, Роми, Бошњаци за да можат да се вработат, а не поради нивното образование, професионалност, успех, умешност или стекнати вештини..Затоа министре Бесими, трагично делуваат овие твои ,,четива” кои треба да ги сместиш во жанрот ,,Што би било, кога би било”..
Не им излегувате во пресрет на младите и не ги слушате нивните лелеци, дека прво немаат книги од што да учат, немаат услови, студентите се соочуваат со недостиг на соодветни сместувачки капацитети и никакви пари за оброк или за стипендија..
Настрана, па што не ги слушате и не постапувате по укажувањата на студентите кои се жалат дека се условени да мора ,,дебело” да ги платат скриптите на професорите ако сакаат да имаат потпис или преодна оценка.
Исто така, не постапувате по наводите дека ,,професори” напредуваат без никаква основа и без соодветни научни звања и дипломи?
И вие зборувате за човечки капитал. Со кој образ Фатмир Бесими и дали имате образ како и вашата ДУИ?
Народе на Македонија, дојде денот кога мораме да му ставиме крај на уништувањето на Македонија, нашите деца, внуци и сограѓани!
Дојде денот кога мораме сите да се обединиме во ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА и да ги турниме од власт политичките злосторнички здруженија на СДС-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди, за спас на Македонија, нашите деца, внуци и сограѓани!
Македонија вечна и вековита!
Претходно Единствен услов за успех е работа и само работа!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ