ПОБЕДНИЧКА ФОРМУЛА!

Ние ДЕМОКРАТИ максимално се залагаме за итно промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените листи и за доаѓање на граѓаните на власт во Македонија, а за таа цел на следните избори ни се потребни довербата и гласовите од што повеќе сограѓани – секој глас ни е многу важен!
За жал, во Македонија и за овие избори ќе биде на сила криминалниот изборен закон со затворени листи кој, покрај неговите криминални елементи, се одвива и по Донтовиот модел според кој остатокот од гласовите на партиите по изборни единици одат кај победникот на изборите. Тоа им се случи на неколку партии и на минатите избори, да добијат и по 30.000 гласови – а да не освојат ниеден пратеник, или само еден-два.
Овој Донтов модел е главната причина зошто на криминалните СДС, ДПНЕ и ДУИ им е лесно да ги убедат помалубројните партии да одат со нив во што поголема коалиција – за да се сведе на минимум бројот на изгубени гласови и уште така може и да се добие остатокот на гласовите од малубројните партии – што значи неколку пратеници плус.
Покрај големото обединување на сите партии за рушење од власта на СДС, ДПНЕ и ДУИ, една од поголемите причини за повикот на ДЕМОКРАТИ за формирање на големиот ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА е и таа што сите останати партии заедно обединети – нема да имаме никаков одлив на гласови во случај на победа на ФРОНТОТ и на граѓаните, или тој одлив би бил минмален!
Тоа е она што најмногу ги плаши овие три злосторнички партии и затоа тие се ќе направат да ги привлечат помалубројните партии кон своите коалиции, или барем да ни го разбијат заедничкиот ФРОНТ и да го раситнат, за да можат да ни украдат од нив што повеќе незаслужени гласови.
Затоа, почитувани сограѓани, организации и партии, ние од ДЕМОКРАТИ уште еднаш јавно и силно ве повикуваме сите масовно да се здружиме во голем ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА, сите заедно да им го нанесеме најтешкиот удар на овие три злосторнички здруженија, да ги поразиме и да ја спасиме Македонија и нашите сограѓани од ова зло!
Најмасовниот ФРОНТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА е победничката формула со која што конечно ќе го победиме злото, ќе ги промениме криминалниот Изборен законик и ќе ги воведеме отворените изборни листи, ќе донесеме правда, чесност, квалитет, развој и највисоки стандарди во Македонија !
Претходно ДЕМОКРАТИ се спас за Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ