ДА, НИЕ МОЖЕМЕ!

Поминаа три децении, цела една генерација млади луѓе целиот живот ги слушаме истите лаги на злосторничките здруженија СДС, ДРПНЕ и ДУИ како ќе ги совладаат корупцијата, криминалот и партизацијата во државата. Ќе ги слушаме пак и во претстојната изборна кампања!
Мислевме дека само делови од тие партии се полакомиле по парите и политичката моќ, и дека со гласање против власта ќе се поправат работите – но другите стануваа уште полоши! Тие ниту сакаат, ниту можат да го совладаат злото во Македонија, туку сосема спротивно – направија систем за ширење на тоа зло, и за уништување на државата и граѓаните!
Ние ДЕМОКРАТИ тоа зло сакаме вистински да го совладаме, и ДА, НИЕ МОЖЕМЕ, и ќе го совладаме!
Три децении СДС, ДПНЕ и ДУИ ни ветуваат правна и функционална држава, дека законите ќе важат еднакво за сите и дека институциите ќе бидат сервис на граѓаните, и што имаме – заробена држава, која функционира само за „нашите“, а ние другите можеме слободно да се нервираме колку сакаме, да умираме – или да се селиме! Трите банди свесно ја произведуваат оваа ситуација, затоа што им одговара да умираме и да се селиме тие кои што не сме со нив и не ги гласаме на избори, тие ниту сакаат ниту можат да направат правна и функционална држава од Македонија.
Затоа ние ДЕМОКРАТИ тоа го сакаме, и ДА, НИЕ МОЖЕМЕ тоа да го направиме!
Ние повозрасните сме на многу начини приврзани за нашата земја, за мајка Македонија, тука ни е младоста и најубавите спомени, тука се гробовите на нашите предци, тука ги пораснавме нашите деца, и не сакаме да ја напуштиме и изневериме нашата држава – туку сакаме да си ја спасиме, да се избориме за неа и да си ги задржиме децата во неа, тие да бидат свои на своето, да имаат своја убава држава и да живеат во неа.
Но тоа што го направија СДС, ДРПНЕ и ДУИ од нашата држава – ни ги брка децата од неа. Тие тоа свесно го прават, ја крадат и приватизираат, и од нашите деца прават полтрони, слуги и робови! Тие овде не се почитувани како луѓе и работници, не се плаќани соодветно и навремено, и затоа децата ни бегаат во државите каде што ќе имаат почит како луѓе, добри и сигурни плати. А трите банди ниту сакаат ниту можат да го спречат тоа, напротив го креираат тоа!
Ние ДЕМОКРАТИ знаеме како да го промениме системот во државата, да ја направиме сервис на граѓаните и убаво и сигурно место за младите, и ДА, НИЕ МОЖЕМЕ не само да го спречиме иселувањето – туку и да ги вратиме нашите луѓе во Македонија!
Сите три политички мафии СДС, ДРПНЕ и ДУИ јавно се декларираат дека се за промена на криминалниот и коруптивен изборен систем со затворени листи и дека се за воведување на Отворените листи, но и лично и преку медиумите максимално го саботираат и спречуваат нивното промовирање, објаснување на граѓаните и воведување.
Тие знаат дека со промена на криминалниот Изборен законик и Отворените листи се решенија за сите најголеми проблеми во државата, дека со нив ќе се сузбијат и криминалот, и корупцијата и партизираната држава, дека со нив државата ќе биде функционална и законите ќе важат еднакво за сите, и дека со Отворените листи ќе се спречи иселувањето и ќе ни се вратат луѓето. Ама тие ниту сакаат да го променат криминалот Изборен закон, ниту сакаат да ги воведат Отворените листи во Македонија.
Но затоа тука сме ние ДЕМОКРАТИ, партија од народот и за народот, ние вистински сакаме и ДА, НИЕ МОЖЕМЕ да ги криминалот Изборен закон и да воведеме Отворените листи во Македонија! Затоа за следните парламентарни избори го формираме ФРОНТОТ ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА, и ние граѓаните треба само што помасовно, сите да гласаме за Фронтот за спас, да гласаме за ИТНО воведување на Отворените листи – и така да си ја спасиме Македонија!
Да, ние сме ДЕМОКРАТИ! Ние вистински сакаме да им ја одземеме власта на овие три злосторнички здруженија, и ДА, НИЕ МОЖЕМЕ, со помош на Отворените изборни листи, да го уништиме злосторничкиот систем – и да направиме ние граѓаните да бидеме власт во Македонија!
Претходно НАРОДЕ, има друга алтернатива освен злосторничките здруженија на СДС-ДПНЕ-ДУИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ