Една поговорка вели: “Каков народ, таква држава”, а ДЕМОКРАТИ би рекле “Каква власт, таква држава”.
Дали заслужуваме функционална држава, членка на ЕУ или уште ќе имаме авторитарна држава со партизирани институции? Држава во која царува криминалот, корупцијата и подземјето. Држава со осиромашени граѓани, загрижени и тажни лица и депресивни граѓани.
Држава без чист воздух, без инфраструктура, руинирани патишта и без железница…
Држава, во која никој не е безбеден, каде се случуваат монструозни убиства, пукање во трговски центри, со светлосна брзина се шири употребата на дрога помеѓу младите, дојави за поставени бомби во училишта и други институции…
За каква безбедност да зборуваме, безбедност на руинираните патишта, безбедност во болниците каде им се крадат лековите на болните и се оставаат на милост и немилост да умираат.
Безбедност на хронично болните кои умираат, чекајќи го лекот…
За каква правна држава и за какво судство да зборуваме?
За каква Влада да зборуваме?
За Влада која го менува Уставот и законите преку ноќ, за лични интереси.
Веќе ни е смачено да зборуваме за судството, здравството, образованието, социјалната политика, за нечистиот воздух и животна средина, за партиските вработувања…
Доста е веќе! Овој напатен народ ги трпи последиците од оваа ненародна власт, повеќе од 30 години, а Македонија тоне, веќе го достигна дното…
ЗАТОА, освестете се, граѓани на Македонија и внимавајте за кого ќе го дадете вашиот глас на наредните избори. Ако повторно гласате за злосторничките здруженија: СДС-ДУИ-ДПНЕ, ништо нема да се смени на подобро.
Напротив, на нашата измачена Македонија и се заканува повторно тонење во бездна и разнебитување.
ЗАТОА, сите вие граѓани кои ги имате почувствувано неправдите и последиците од криминалните и злосторнички активности на досегашната власт, имате можност ДА СЕ придружите на ФРОНТОТ за СПАС на МАКЕДОНИЈА и да гласате за ДЕМОКРАТИ, за да ја направиме нашата убава Македонија просперитетна, функционална и безбедна држава, каква што заслужува овој напатен и измачен народ.


