Устоличувањето на техничката влада и посебно на бившиот припадник на УЧК, Талат Џафери за нејзин челник, ја трасира траекторијата по која ќе се одвива изборната кампања не само на корумпираната ДУИ туку и на СДС која е во коалиција последните 7 години.
Триумфализам, надмоќ, еве кои сме, внимавајте со кого си имате работа, ние сме најпаметните и најинтелигентните и оние кои што ветуваат и исполнуваат, тоа е пораката што ја испратија од ДУИ изминатите три дена со целата церемонијална претстава со која уште повеќе се засилуваше фактот за прв премиер албанец во независна Македонија.
А каква ни е состојбата внатре и во меѓународни рамки, работата ни е за плачење, а не за песни, игри и ора во која, како што известуваат медиумите, се користеле и службени возила.
Позната и веќе видена типична балканска изборна ујдурма, паралелно на која се случува беден живот на 80% од граѓаните, од оние кои уште не заминале од ова парче земја за која животот го положиле многу наши предци. Кога ја гледавме сликата на устоличувањето на Пржинската влада, просто мачнина ви доаѓа во душите и срам поради туѓото поведение поради тоа што ова се претставува како не знаеме какво достигнување и како врвен дострел на македонската технологија и наука. А, тоа е само тажна слика за нашето политичко секојдневие последните 32 години кое го сочинуваат криминализираните СДС, ДУИ и ДПНЕ кои политиката ја внесоа во секоја пора од живеењето, во секоја институција и позиција. Да не е тажно би било смешно.
Устоличувањето на оваа преодна влада, со единствен мандат да организира фер и демократски избори според највисоките стандарди, не покажа ништо други туку сила и надмоќ, наспроти сиромашниот дух и криминалноста и коруптивноста со Али Ахмети во центарот под чија палка се велича ДУИ како партија која ветува и сторува. Но, тоа за жал и навистина е така. Се што ветија и исполнија но само за својот електорат не за останатите граѓани односно за сите други.
Македонските партии останаа поклопени од демонстрираната супериорност на ДУИ. Станаа нејзини вазали и ништо не зависи од нив. Точно така се зависи од ДУИ и од Али Ахмети.
Затоа почитувани сограѓани овие избори имаат референдумско значење дали ќе си ја зачуваме државата или се ќе отиде по ѓаволите.
ДЕМОКРАТИ се борат против злото СДС-ДУИ-ДПНЕ. Нејзина основна политичка амбиција е Македонија без овие три апашки партии кои ни ја уништија државата, а нас не претворија во робови во сопствениот дом. Затоа почитувани да внимавате за кого ќе заокружувате на изборите. Не дозволувајте да ве манипулираат, свртете нова страна, прифатете нешто ново по 32 години. Го заслужуваме сите тоа заедно.
Придружете ни се во Фронтот за Спас на Македонија! Секое одлагање е предоцна за сите нас!


