ДЕМОКРАТИ веќе подолго време ја следи работата на македонските медиуми, посебно на телевизиите и радијата од аспект на отвореноста за политичките субјекти кои не се сега дел од парламентот, а се активни и тоа како на политичката сцена. Оттука природно се наметнува прашањето во чиј интерес работат тие медиуми кои немаат ни ,,п” од плурализам на својата програма па да одвојат по некоја минута и за пренесување на активностите на останатите партии кои не се СДС, ДУИ, ДПНЕ и не се нивни
,,пајтон” партии како многу други кои им служат.
Па така на ТВ екраните ги гледаме само едни те исти лица, истите личности кои преоблечени во друг дрес како камелеони сега ќе се обидат да ви се претстават во ново руво, а да не заборавиме нивната суштина е иста од времето кога биле дел од трите најкриминални партии кои најдолго владеат со земјава и кои се виновни за ваквата состојба насекаде околу нас, во здравството, во образованието, во правосудството, економијата, социјалата, екологијата…
Со ова наше писание всушност сакаме да Ви укажеме Вам почитувани граѓани дека тоа е ова што се нуди како нешто плус во политичката понуда за изборите, а тоа се всушност истите лица и истата матрица како и партиите од кои произлегле. Зарем мислите дека нешто се промениле? Или дејствуваат поразлично, еволуирале? Неее почитувани драги наши граѓани, ништо од ова.
Нашата загриженост за медиумите пак се однесува и на тоа дека, тие всушност се најголемите креатори на јавното мислење и како такви на тацна вам секој ден и вечер преку вашите тв екрани ви ги пласираат едни и исти партии и едни те исти лица, истите тие кои ве ограбуваат, лажат и осиромашуваат сите овие 32 години. Со ваквата фаворизација на едни те исти опции, медиумите всушност Ве затупуваат и не ви оставаат простор сами да увидите за која опција да го дадете гласот, зашто различните како ДЕМОКРАТИ, немаат пристап до јавноста. Медиумите и натаму ви сервираат бело/црна слика, а Вие низ годините сте ја голтале и сте бирале ако не едните, другите, наизменично.
Но, поради тоа ве повикуваме да погледнете малку наоколу од ова што ви се сервира како ,,единствено мени” сите овие години. Има и друга политичка опција која не е политички извалкана, која не влечи корени од ниту една од овие озлогласени партии, туку е чиста и засебна идеја и ентитет, а тоа е ДЕМОКРАТИ.
Затоа, ДЕМОКРАТИ повикуваат во Фронт за спас на Македонија! Против грабежот, масовното иселување, нискиот наталитет, против нискиот стандард, против корупцијата и криминалот, против трговците со човековото здравје, против партизираноста и руинираниста на институциите, против небиднината, против бесперспективноста!
Македонските медиуми колаборационисти со трите криминализирани партии СДС, ДУИ и ДПНЕ.


