Пр-парните котли пуштени на најсилно. Се крчкаат проекти, без никој да води сметка или да му е грижа, дали и колку тие проекти се реални и имаат реална оправданост дури и кога би почнале да се реализираат. Креативност ,,0″ зашто по толку многу избори последнава деценија и пол, евидентен е заморот и неинвентивноста и кај политичарите и кај ПР ,,Стратезите”.
Оттаму и малата реализација на проекти во портфолиото – (не)сработени, на крајот на секој еден мандат, независно дали зборуваме за градоначалници или пратеници односно локални или парламентарни избори..Се ветува се и сешто но околу 70% и повеќе од тоа, реализација не доживува. Затоа едни исти проекти се вртат од избори на избори, а нечесто тие истите можете да ги најдете во програмите кај сите партии.
Пример, сите ветуваат инвестиции во енергетиката, а никој со прст не мрда ни наследените гиганти во оваа област да ги поправи. 32 години нема ниту една инвестиција во голем енергетски капацитет. Експертите реагираа дека не треба да се крати од капиталните инвестиции и дека приоритет му се даде на ,,Скопје 2014″ наместо на изградба на две хидроелектрани Чебрен и Галиште. За овој период изградена е само хидроцентралата Козјак. И никнаа 80-тина мали но приватни хидроелектрани.
За 20 години изградени се помалку од 200 км автопат. А, Охрид и по 30 години од независноста на државава нема квалитетно поврзување со Скопје како главен пат. Државниот Завод за статистика нотира дека во 1995 год. имало вкупно 138 км автопат а 2021 год. 335 км.
Тука е и железницата. Загубите изедоа една цела пруга до Бугарија, велат експертите од оваа област. Над 30 год.се зборува за овој проект и е меѓу рекордерите за кој се зборува и ништо не се прави.
Скопје нема нити трамвај ниту БРТ систем. Сообраќајното решение во главниот град е сведено на ЈСП и неколку приватни автобуси. А ЈСП ако не добива помош од градот годишно по 11 милиони евра не може ни плати да додели. Настрана пазарите што ги прават и условуваат на штета и неизвесност на граѓаните..
Тука некаде спаѓа и Клиничкиот центар..со години зборат СДС, ДПНЕ
и ДУИ и ништо не е направено на тој план , уште се плаќаат пенали кон странска фирма која требало да биде избрана да работи на проектот..Илјадници желби, нула реализација . Изборните тефтери примаат се, очигледно.
Затоа почитувани многу е битно кому ќе ја дадете довербата на претстојните избори. На партии кои ветуваат и не исполнуваат сите овие над 30 год.?
Ако повторно довербата им се даде ним,
тогаш очигледно имаме проблем и како јавност и како народ и како гласачи. Како да сме садо/мазо па трпиме кога некој не краде, лаже и манипулира не еднаш, не два пати туку 32 години..
Поготово сега, кога има избор. Партијата ДЕМОКРАТИ е тука и таа е алтернативата на корумпираните СДС, ДУИ и ДПНЕ..Сериозно размислете почитувани кому ќе го дадете вашиот глас!
Затоа почитувани граѓани ДЕМОКРАТИ ве повикуваат да ни се придружите во Фронтот за Спас на Македонија и заедно да им го зададеме последниот удар на злосторниците кои 32 години не иништуваат и ги испратиме во мрачната македонска историја!

All reactions:
128


