Што да очекуваме од техничката влада и новиот премиер?

Со устоличувањето на новиот премиер, пред неколку дена, започна “пародијата” на техничката влада и од самиот почеток сведоци сме на “трагикомични” настани…Во наредните неколку месеци, ништо не се очекува да се случи, освен предстојните парламентарни и претседателски избори. Барем тие да бидат фер и демократски…
Овој период вообичаено пред избори се очекуваат нечесни внатрепартиски игри и пазарења помеѓу партиите. Кој со кого ке коалицира? Едно е сигурно: техничката влада ќе прави опструкции и уште поголем хаос во менаџирањето во сите министерства… Ништо добро, нема на повидок, се до изборите. Едно е сигурно- во предизборниот период не очекуваат предизборни ветувања, лаги и трикови од страна на власта, се со цел да се придобијат што повеќе гласови од граѓаните…
Сите стратешки цели и приоритети сега се во втор план. Највисок приоритет е да се освои власта. Нашата најголема стратешка цел – членство во ЕУ ќе почека некои подобри времиња. Сега е време на предизборна кампања и меѓупартиски пазарења и калкулации.
Но, во изминатите три децении, што направија владејачките гарнитури за овој највисок приоритет-членство на Македонија во ЕУ?
Наместо да ја приближат кон ЕУ, тие ја оддалечија уште повеќе, иако го сменија името, Уставот и знамето. Наместо владеење на правото, корупцијата и криминалот е на највисоко ниво.
Наместо реформи во јавната администрација, сведоци сме на партиски вработувања и наместо намалување на администрацијата, истата ја направија пренатрупана и неефикасна.
Македонија ја претворија во мафијашка држава, каде законите важат само за обичните граѓани, но не и за нив. Според Транспарентал Интернејшанал и Барометарот за корупција за месец декември 2023 година, покажува “висок степен” на корупција и криминал во државата. Ако овој тренд продолжи и во 2024 година, Македонија се движи во спротивна насока од стратешката цел и е се подалеку од ЕУ…
Ова мало парче света Македонска земја заслужува, после три децении чекање, да биде дел од ЕУ и да има свое место под сонцето. Ѓраѓаните заслужуваат подобар и достоинствен живот.
Затоа, граѓани на Македонија, сега имате можност со ДЕМОКРАТИ, да се спротиставиме на злото наречено СДС-ДУИ-ДПНЕ и да им речиме НЕ! и ДОСТА Е! движење во спротивна насока и од нивното криминално и злосторничко владеење. Наместо да одиме напред, ја вратија државата за 100 години назад.
ЗАТОА, граѓани на Македонија, на предстојните избори добро размислете на кого ке го дадете вашиот глас.
ЗАТОА, придружете се на ДЕМОКРАТИ и ФРОНТОТ за СПАС на МАКЕДОНИЈА, и да ја направиме нашата Македонија поубаво и достоинствено место за живеење!
Претходно ДЕМОКРАТИ креираат благодет!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ