Македонијо разбуди се!

По освојувањето на јавниот простор, на медиумскиот, на дигиталниот..претстои освојување и на физичкиот простор!
За освојувачите на јавниот простор по етничка линија последниве десетина дена, точно од етаблирањето на техничката влада па со случувањата во Алијансата за Албанците, најголемо внимание и простор во јавниот дискурс доминантно му се дава и е исполнет со активностите на политичарите со етнички албански предзнак.
Тргнувајќи од тоа како беше устоличен првиот премиер Албанец, притоа да не заборавиме дека е технички, како божем некаков врвен дострел на македонската наука, а не како закиселена зимница од распаднатиот балкански подрум, па се до расколот во Алијансата за Албанците која и самата на политичката сцена се појави како плод на своевремениот раскол во ДПА. И, сето ова кулминираше со објавата на доскорешниот прв вицепремиер Груби да сме мирни додека во политиката го имаме Али Ахмети.
До што се доведовме почитувани граѓани. Како космополити со отворен ум и размислувања за демократските вредности и придобивки што ги добиваме од различниот од нас по секаква основа, не би сакале за овој наш напис да ги добиеме сите негативни коментари затоа што во основа целта не ни е да оцрнуваме по етничка албанска линија, туку да предупредиме поради тенденцијата дека малцинството дури и со глупости се наметнува над мнозинскиот македонски народ фаворизирајќи ги сопствените политичари како единствените вредни на кои треба да се потпрат останатите граѓани.
А каде се и останатите партии од српскиот кампус, ромскиот, турскиот, бошњачкиот, влашкиот.. Ако поради ова имаат потреба да молчат уценетите македонски политичари, ние од ДЕМОКРАТИ го креваме гласот против ваквите тенденции но и покажуваме дека покрај уценети македонски политичари има и такви какви што сме ние од ДЕМОКРАТИ, партија која досега не коалицирала ни со ДУИ ни со двете македонски партии СДС и ДПНЕ.
Затоа сметаме дека треба да сме светло во ова мрачно предизборие во кое истрошените македонски партии факелот го положија на земја и зафаќајќи удобно место на јавната сцена, се поставија во улога на нем посматрач на случувањата во албанскиот кампус притоа не водејќи сметка и наивно верувајќи дека ова ќе ги ослаби, но всушност зад сцената секој еден работи за својата себепромоција, а маркетинг е и негативниот маркетинг..Ова секако ќе им се удри од глава на македонските партии кои се чини со сила го тераат македонското гласачко тело да гласа за политичар Албанец.
Прилично се заспани македонските партии кои освен меѓусебни напади внатре во македонскиот кампус, многу малку ,,удираат” врз македонските албански партии кои продолжуваат со неистакнување на македонското национално знаме и со неизведување на македонската национална химна. И тоа така им поминува со години, иако е уредено и со закон, и иако со тоа се крши законот.
Почитувани, неповратно ја губиме земјава и македонското, пред агресивниот албански ПР. Како да сме потстанари во сопствената држава, како да сме искарано дете пикнато во ќош.
Македонијо разбуди се! По освојувањето на јавниот простор, на медиумскиот, на дигиталниот..претстои освојување и на физичкиот простор.
Затоа внимавајте кому ќе го дадете својот глас. Политичката сцена веќе не е црна и бела туку има и поинаков колорит.
Придружете ни се во Фронтот за Спас на Македонија !
ДЕМОКРАТИ за Македонија и за сите нас!
Претходно Криминалниот Изборен законик ја уништува Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ