КОЈ Е КРИВ

Според сите дефиниции – ние граѓаните сме сопствениците, суверените на нашата држава. Како сопственици ние на избори им пренесуваме дел од нашиот државен суверенитет на нашите пратеници, тие во наше име да одлучуваат за најважните работи во нашата држава. Преку нашите претставници – пратениците ние граѓаните, како сопственици на државата, треба да контролираме како работат нашите функционери, како ни ја раководат државата и какви резултати постигнуваат.
Ако направиме аналогија со компаниите, кога сопствениците на некоја компанија ќе видат дека раководителите на компанијата постигнуваат добри резултати – им даваат награда за доброто раководење и за постигнатите добри резултати и профит. Но ако компанијата почне да работи лошо, ако се нарушат меѓучовечките односи, ако се постигнуваат лоши резултати и се бележат загуби – сопствениците, покрај останатите мерки, ги намалуваат и примањата и бенефициите на раководството на компанијата.
Е сега, ако раководството на нашата држава лошо ни ја менаџира државата, ако таа постојано ни се задолжува, ако нашата држава постојано бележи загуби и ако раководството постојано го зголемува бројот на вработените и трошоците, па уште и ако во нашата држава постојано се зголемува криминалот и корупцијата, а нашите раководители за безбедност ништо не прават – кој е крив?
Некој ќе каже – криви се политичарите и функционерите, криви се партиите кои ја крадат и заробуваат државата – но кој ги бира, гласа и поставува нив на раководните места во државата?
Кој треба да ја контролира и оценува нивната работа?
Кој треба да ги наградува или казнува?
Секако – тоа се пратениците во собрание и затоа по секоја логика виновни за ситуацијата во државата и за сите нејзини неуспеси и лоши резултати се – пратениците! Тие во собрание ги избрале овие функционери, и со тоа ја превзеле одговорноста за нивното успешно или неуспешно работење.
Но, дали пратениците ја контролираат работата на владата и министерствата? Не само што не ги контролираат, не само што не им ги намалуваат платите и бенефициите на министрите и функционерите, не само што не ги прогонуваат и менуваат заради нивното лошо раководење со државата – туку не смеат ниту збор да им кажат и уште мора да ги слушаат лидерите на партиите – и да гласаат во собрание, се што овие ќе им наложат!
Е затоа, најмногу криви за целата лоша ситуација во нашата држава сме токму – ние граѓаните! Од тоа нема бегање, мораме тоа отворено и гласно да си го признаеме, затоа што на толку изборни циклуси не можевме да видиме дека криминалниот изборен систем со затворени листи нам ни ја киднапира и заробува државата, дека од сопственици станавме како потстанари во нашата држава и многу од нас мораме уште и да им служиме на овие аздисани криминалци – за трошки и за лажна моќ и сигурност.
Но, конечно се појавивме ние ДЕМОКРАТИ со проектот ОТВОРЕНИ ЛИСТИ, со чија помош ние граѓаните си ја враќаме сопственоста над нашата држава и ќе ги избркаме овие политички криминалци од раководните позиции во државата!
Со ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ ние граѓаните ги наградуваме нашите пратеници и функционери ако добро ни ја раководат државата, но и ги казнуваме ако лошо раководат и прават загуби. А ако прават некој вид на криминал – прогонот, обвиненијата и затворите не им гинат!
Ако ние граѓаните сме највиновните за сегашната лоша ситуација во државата, крајно време е да ги поправиме досегашните грешки и да не ги повториме, никогаш повеќе!
На следните избори ги имаме ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија, сите масовно гласаме за нив и за ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ – и си ја враќаме нашата држава во наша граѓанска сопственост, како што е редот! Само така ќе си ја сакаме и чуваме нашата држава и ќе си ја направиме убава, развиена и безбедна Европска држава!
Претходно ДЕМОКРАТИ и НАРОДОТ можат и мораат да ги турнат од власт злосторничките здруженија кои 33 години ја уништиваат и разнебитуваат Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ