Урнисана е
и непостои ниту индивидуалната, ниту колективната, ниту општествената одговорност .
Типична слика на нашата реалност.
Катаклизма на одговорност ,распад во нашето општество.
Така може да се опише состојбата во последниве месеци во нашата ни мила мајка Македонија.
Можеби сурово ќе звучи, меѓутоа за да се врати одговорноста мора да има коренити промени, длабоки трансформации и силни санкции за личности, па и институции кои апсолутно ја запоставиле и маргинализирале одговорноста.
Колкав е прагот на човечката толеранција?
Овие се општествени проблеми за кои треба да се проговори јавно, па дури и да се издигнат на ниво на морална паника.
Јазот меѓу луѓето и институциите станува подлабок.
Колку би можеле да толерираме и сугерираме, до кога ќе премолчуваме?
Колкав е прагот на човечката толеранција и уште колку животи треба да згаснат и уште колку неправди поради неодговорност за да повикаме на одговорност?
Одговорност и тоа системска одговорност, да се бара за секој прекршител, тој што ординирал во алкохолизирана состојба, ја урнисал Хипократовата заклетва која ја дал, прекршил вредности и норми и е виновен за нечиј загубен живот, под итно санкција за неговата неодговорност и тоа брза, навремена и строга, без право на жалба и поплака.
Одговорност за институциите и носителите на јавни функции кои треба да предничат во својата одговорност, а не да ја урнисуваат .
Десетици смртни случаи кои се пред очите на јавноста…
Тука е граѓанството кое треба силно да притисне и да не се остави повеќе ништо на случајноста, бидејќи ако останат неказнети неодговорните, тогаш се ќе отиде во бестрага…
Затоа почитувани, ви нудиме опција каде што слободно ќе го дигнете вашиот глас против неправдите !
Дигнете глас , гласот е ваша одговорност!
Не останувајте слепи ни глуви, зошто имаме долг кон нашата татковина !
Затоа ДЕМОКРАТИ и народот на Македонија го дигаат својот глас , токму поради човечката одговорност и долгот кон мајката Македонија!


