Само за неколку часа јавноста е опсипана со вести за убиство во Блаце и запален кафич во Чаир. Обвинителството излезе со соопштение дека се разгледувала поврзаноста на овие два инцидента, што значи индиции постојат. Има информации дека зад овие случаи лежат пресметките на криминалното нарко подземје. Она истото кое се занимава со недозволена трговија на дрога оружје и луѓе.
Сето ова во момент кога земјата е во предизборен период, што сосема оправдано наведува на заклучокот дека изборите ќе бидат пеколни и дека сето ова има за цел и да заплаши и да убеди ако некој случајно не размислува како кланот или ако не гласа за нивниот кандидат. И затоа ваквите настани треба да се гледаат пошироко отколку што е само пресметка на нарко банди.
Недомаќинско владеење изминатите три и повеќе децении на СДС на ДУИ и на ДПНЕ направија и изнедрија опасни криминални банди кои сега доаѓаат по своето. При најмало нарушување на пазарот тие ќе посегнат по жртва и по палење и уништување. Ако им се намали пленот, исто така.
ДЕМОКРАТИ се спротивставуваат на овие опасни тенденции кои фрлаат темна дамка на периодот во кој се наоѓаме. Веќе не сме безбедни како граѓани. Секој еден може да ве нападне, да Ви запали нешто, да Ви одземе..и тоа не предизвикан со ништо.
Пред некој ден имаше повторно вест за запалени возила во Дебар маало, во Прилеп запален автомобил на обвинителка..постануваме бетер од Див Запад.
Оваа насилничка спирала мора да се прекине зашто вртлогот фаќа и носи се пред себе. Час поскоро да си ја вратиме слободата и демократијата и да не се туткаме исплашени пред налетот на овие разулавени орди.
ГЛАСАЈТЕ ЗА ДЕМОКРАТИ!


