ГОРДОСТ!

Гордите луѓе се горди на своето минато, но и на сегашноста и на иднината. Горди се на своите предци, но и на тоа што го прават и за што се борат денес, и на тоа за што се борат за утре, за своите деца и внуци, за својата визија!
Ние ДЕМОКРАТИ сме горди луѓе! Горди сме на нашите предци кои се бореле и ги жртвувале животите за својот народ и земја, за форимирање на своја македонска држава. Нашите предци биле горди луѓе, се гордееле со своето минато, но и со својата борба и со својата визија за слободна, независна и суверена Македонија!
И од СДС, ДПНЕ и ДУИ велат дека се горди на своите предци, но тоа го велат од гол интерес – за добивање на политички поени и гласови на избори. Ги манипулираат и заведуваат луѓето кои се навистина горди на своите предци за да ги добијат нивните гласови на избори, и потоа забораваат на своите предци – до следните избори!
Тие не се горди луѓе – затоа што немаат за што да се гордеат, ниту од она за што се борат денес, до какво дереџе ги донесоа државата и граѓаните, ниту за нивната визија за утре – зошто тоа се само пари и гол личен интерес!
Нивната борба за влез на Македонија во ЕУ е лажна, нив ги интересира само пристап до европските пари, нивно перење и крадење, и што подолги преговори со ЕУ – зошто не ги сакаат нејзините контроли и санкции.
Ние ДЕМОКРАТИ се гордееме и за нашата борба денес, и за нашата визија за иднината на Македонија! Ние денес сме горди на нашата тешка борба, на сите полиња, за објаснување на граѓаните која е главната причина за најголемите проблеми во нашата држава – криминалниот изборен закон со затворени листи, за афирмирање на изборниот систем со отворени листи, и за давање на политичка опција на граѓаните за следните избори да гласаат за ИТНО промена на криминалниот Изборен законик и воведување на отворените изборни листи – со глас за ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија!
Ние ДЕМОКРАТИ сме горди и на нашата визија за Македонија по изборите и по воведувањето на отворените листи – како држава со минимални корупција и криминал, со намалување, департизација и ефикасна државна администрација, како функционална држава во која се почитува правото, и во која законите важат еднакво за сите! Македонија како земја членка на ЕУ, со високи стандарди и развиена економија, која сите ја сакаат и почитуваат!
Затоа ги повикуваме сите горди луѓе, кои се гордеат со своето минато, но сакаат да бидат горди и на својата денешна борба, и на својата визија за иднината – да се придружат на ДЕМОКРАТИ, кон нашата света борба за спас на Македонија, воведување на отворените листи и подобра Македонија денес, како и кон нашата визија за средена, функционална и развиена Европска Македонија! За да го постигнеме ова денес – сите на избори гордо гласаме за ДЕМОКРАТИ и за Фронтот за спас на Македонија!
Претходно Со народот се бориме за итно донесување на закон за потекло на имотот и конфискација на украденото!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ