До кога секоја нова влада ќе креира нова концепција за образование во државата, со која учениците наместо да напредуваат, ќе назадуваат?
Во изминатите децении, сведоци сме дека се прават експерименти со оваа најчувствителна сфера-образовниот систем во државата. Секоја нова концепција, носи нови промени и реформи во образовниот систем. Но, нажалост во нашата држава сите тие реформи се прават за тендери и за профит и наместо да се унапреди образовниот систем, тие го уназадуваат. Сите реформи во образованието до сега, како и последната најновата Концепција за основно образование од 2021 год., имаат повеќе слабости, отколку предности и наместо ред и повисоки постигања, прават хаос и за жал, учениците се повеќе имаат пониски резултати на државните и меѓународните тестирања.
Ненародните влади со децении како намерно да го урнисува и уназадува образовниот систем во државата, во сите 6 столбови, а најмногу во вториот – во основното образование. Притоа, пред секое воведување на реформи во образовниот систем, наместо да се направат сеопфатни анализи, да се дефинираат приоритетите и очекуваните исходи, се прават избрзани реформи и експерименти кои внесуваат хаос и кај учениците и кај наставниот кадар.
ЗАТОА ДЕМОКРАТИ со народот се борат за бесплатно и врвно образование.
Според ДЕМОКРАТИ, приоритет треба да бидат условите за учење на учениците- реновирање на училишта и изградба на спортски терени, сали, бесплатен топол оброк за учениците. Во 21 век, се уште имаме училишта без спортски сали и терени и со несоодветни услови за работа и учење.
Приоритет да бидат и условите за работа, опремување на училиштата со компјутери, интернет, смарт табли и други современи наставни средства.
Приоритет да бидат секако и учебниците, кои треба да бидат и електронски, но и во печатена форма, се разбира бесплатни. Наместо само електронски и во училишта без интернет или учебниците да стигнуваат пред крај на учебната година и истите со погрешни, неточни податоци, како што имавме случаи до сега.
Приоритет да биди исто така и инклузијата и учениците со посебни образовни потреби, со кои се реализираат посебни образовни програми, и истите да имаат и дополнителна заштита и грижа, паричен надоместок и бесплатен оброк и превоз, како во европските земји.
Националната платформа, воведена во 2020 год., која е корисна за изведување на on line настава од далечина, треба да се надоградува и да стане функционална и достапна за сите ученици и наставници.
Според новата концепција за Основно образование на МОН, предметите Историја и Географија не се изучуваат одделно, туку споени со други предмети, во шесто одделение. Оваа “избрзана” концепција, неопходно е што поскоро да се преиспита темелно и да се направи сеопфатна анализа на негативните импликации од нејзиното воведување. Што поскоро, пред да биде предоцна. Усвојувањето на нова концепција ќе мора да го рефлектира научниот, академски и општествен консензус.
Само на тој начин ќе можи да се промовира квалитет во образованието и да се продуцираат учебници кои ќе бидат на потребното научно и академско ниво. Во спротивно, и понатаму ќе бидеме на дното, во однос на квалитетот на образовниот систем во Европа.
ЗАТОА, ДЕМОКРАТИ се борат за бесплатно и врвно образование. На предстојните избори да им ставиме крај на оние кои систематски и континуирано го уништуваа образовниот систем од темел, во изминатите децении.
Придружете ни се во ДЕМОКРАТИ и ФРОНТОТ за СПАС на Македонија и заедно да креираме квалитетно, бесплатно и врвно образование за нашите деца.


