Не доживеа голема ,,помпа” владината стратегија за развој, замислете до 2044 година. Да, да, добро читате СДС и ДУИ ставиле нешто на хартија и го крстиле како стратегија за развој до 2044 година. Таа дури и е усвоена како таква на последната владина седница. Ами знаете ли колку стратегии донесле овие партии во 32 години независно битисување на државава?
Илјадници..Ниту една од нив ниту почнала ниту е завршена, а уште помалку дека довела до некој напредок за општеството. Се било само пуста желба на хартија. Пиши ти, а никому не е гајле дали тоа пишаното може да се реализира..обично и во најголем број случаи не може.
За воља на вистината оваа стратегија е правена во соработка со УНДП и со британската амбасада и е најмасовната досега од аспект на вклучен човечки и експертски потенцијал. Дури и 50 пратеници и од власта и од опозицијата. Очигледно хонорари за земање имало и како и секогаш приказната завршува тука. И еден друг таков текст е напишан околу 2010-тата година со задача да не развие до 2025, само што тогаш беше финансирана од Шведска, па гледате колку сме се развиле.
Очигледно овие документи во зависност од тоа кој управува со институциите на системот, служат само да уназадат бидејќи се покажа дека не постои толку добар концепт кој што ние не ќе можеме да го уништиме со длабоката партизација насекаде во општеството.
ДЕМОКРАТИ, предлагаме веќе да не се пишуваат стратегии зашто ниту има кој да ги чита, а уште помалку да ги спроведува. Кај нас само функционира стратегијата на криминалот, кешот и дебелите тендери за поединци и ништо друго.


