Исто така го изразуваме нашиот револт против крајно ригидниот изборен законик според кој, партиите кои немаат 30 пратеници, како што е и ДЕМОКРАТИ, треба да соберат најмалку 10 илјади потписи за две недели за да имаат можност да номинираат претседателски кандидат.
ДЕМОКРАТИ смета дека партиите не треба да бидат условувани да собираат потписи за да номинираат претседателски кандидати. Со ова за жал се елиминираат повеќе од шеесет партии да учествуваат на претседателските избори и овој закон е намерно донесен од страна на парламентарните партии да ги елиминираат сите партии кои се нивни противници!
ДЕМОКРАТИ се борат да се промени криминалниот Изборен законик, да имаме фер и демократски избори и да им се даде фер старт подеднаков на сите учесници.
ДЕМОКРАТИ се борат да се промени Изборниот законик и политичките партии да не бидат условувани со собирање на потписи за своите кандидати кои ќе учествуваат на претседателските избори. Се додека е ваков изборниот законик, ДЕМОКРАТИ нема да учествува во натпреварот за шеф на нацијата.


