УБИСТВО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВАТА!

Најголемото богатство на семејството, економијата и државата се – луѓето! Посебно најперспективните – младите, како и најстручните, во кои е најмногу инвестирано! Нивното напуштање на државата е директно – убиство на нашата држава!
И некој од власта сега ладно тоа го набљудува, и ни дава статистички податоци – без колку деца се школите, колку млади а колку возрасни ни заминале, и сл!
Поголем злостор од предизвикување на егзодус на луѓето од своите домови и својата држава – нема, а луѓето бегаат од нефункционалната, корумпирана и партизирана држава која има криминален Изборен законик и затворени листи!
И види чудо – луѓето се пресреќни што заминале во Европските држави со фер и демократски Изборен законик и Отворени листи, и си кажуваат колку таму им е прекрасно – средени функционални држави, добра и сигурна плата и егзистенција, безбедна иднина за сите!
Ако се знае и ако сите признаваат дека причината за оваа ситуација е криминалниот и коруптивен изборен закон со затворени листи. Затоа ДЕМОКРАТИ со народот се бориме да имаме фер и демократски Изборен законик со отворени листи како во повеќето земји во Европа и дава извонредни резултати, тогаш МОРАМЕ да се избориме за промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворените листи во Македонија, ако не’ сакаме политичките криминалци и нивните злосторнички политички здруженија да владеат со Македонија.
За да ги направи нештата полоши, за жал, со децении се врши изборна манипулација од страна на медиумите пред избори, како што е и сега во моментов, и ни се нуди избор само од лоши решенија, а за главното и единствено исправно решение, промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворени листи – нема ниту збор?
ДЕМОКРАТИ не се согласуваат со ова убиство на нашите семејства и нашата држава, и нашата душа вреска да пишуваме за ИТНОТО воведување на главното и единствено решение – промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворените листи!
Затоа почитувани граѓани максимално да ја поддржувате опцијата која на следните парламентарни избори ќе го понуди тоа решение – ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија!
Веруваме дека повеќето од граѓаните во Македонија сме нормални, дека си ги сакаме семејствата и државата, и дека на избори сите масовно гласаме за опцијата за стопирање на ова убиство на нашата држава, за политичката опција која вистински се бори за ИТНА промена на криминалниот Изборен законик и воведување на Отворените изборни листи – За ДЕМОКРАТИ и За Фронтот за спас на Македонија !
Претходно ДЕМОКРАТИ им го честитаат празникот Рамадан Мубарак на сите граѓани од муслиманска вероисповед и им пожелуваме лесен пост и молитви за мир и благосостојба!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ