Почна предизборната кампања, и партиите почнаа да ги претставуваат носителите на листи по изборни единици. И сега ние граѓаните, кои што криминалните партии не сметаат замаени како порано, треба повторно да се расправаме и да гласаме која личност од носителите и кандидатите е подобра и која повеќе ги заслужува нашите гласови, преку кои личности и овие криминални партии сакаат пак да се доберат до власта. А по изборите, што ќе можат да направат овие „силни личности“ – во нашиот криминален изборен и државен систем?
Суштинско прашање е: Што е поважно, квалитетни личности за носители на изборни листи и за пратеници – или квалитетен изборен и државен систем?
Со коруптивниот и криминален изборен систем со затворени листи најважни се личностите на носителите на листи и на пратениците, за да се дефокусира и пренасочи темата на расправа од проблемите на државата и на системот со затворени изборни листи, кој произведува само партизација, криминал, корупција и пропаст на државата и граѓаните – кон тоа чив кандидат е подобар, кој кандидат има повалкан веш за вадење, какви невистини да се извадат за противничките кандидати за да се намали нивната вредност кај граѓаните и сл.
За нас ДЕМОКРАТИ е многу важен квалитетот на кандидатите за пратеници, но многу поважен е изборниот и државниот систем во кој тие луѓе треба да работат и да ни служат на нас граѓаните.
Веќе кажувавме дека и најквалитетните луѓе во криминалниот систем со затворени листи ќе мора да се корумпираат и криминализираат – или самиот систем ќе ги исфрли на страна, или ќе ги изгори!
Затоа ние ДЕМОКРАТИ сметаме дека најприоритетно и најсуштинско прашање за Македонија е – итна промена на криминалниот изборен систем и воведување на отворените листи, со кои во Македонија ќе се воведе чесен и квалитетен државен систем, како во развиена Европа, кој што систем ќе ги форсира најквалитетните луѓе да работат според законите, кој што систем ќе воспостави правна и функционална држава, и максимално ќе ги сузбие корупцијата, криминалот и партизацијата!
Затоа ние ДЕМОКРАТИ сметаме дека државниот систем односно изборниот систем со отворени листи е многу поважен и поприоритетна цел за државата од квалитетот на луѓето за носители на изборните листи и за пратеници. И затоа Ве повикуваме сите да ни се придружите во ДЕМОКРАТИ и Фронтот за спас на Македонија, и на избори сите да гласаме за итно воспоставување на квалитетен државен систем, за итна промена на криминалниот изборен закон и за воведување на отворените листи! Само овој квалитетен систем е спасот на Македонија од овие криминални банди и од оваа црна чума која не поклопи, а до него ќе дојдеме – само со глас за Фронтот за спас!


